Почетна » Новости » Занимливости » Прв учебник од областа на американската дипломатија издаден на македонски јазик на УКИМ

Прв учебник од областа на американската дипломатија издаден на македонски јазик на УКИМ

Во време кога одбележуваме 21 година од американското признавање на Република Македонија, на 16 април 2015 година (четврток) на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје се одржа свечената промоција на учебникот „Балканот и американската дипломатија во XX век“ од проф. д-р Мишо Докмановиќ.

Учебник

Она што го чини ова дело така автентично е фактот што „Балканот и американската дипломатија во XX век“ претставува прв учебник од областа на американската дипломатија објавен на македонски јазик на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Овој учебник се темели на повеќегодишното истражување на авторот и истиот дава видлив придонес во научниот дискурс за улогата на САД и нивната надворешна политика на Балканот во XX век. Првенствено е наменет за студентите на постдипломските студии на факултетот, но и за пошироката јавност.

Учебник

Д-р Мишо Докмановиќ е вонреден професор на Правниот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Ги предава предметите историја на правото, Балканот и американската дипломатија во XX век и дипломатски протокол. Дипломирал, магистрирал и докторирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Завршил и постдипломските студии по современа дипломатија на Медитеранската академија за дипломатски студии. Д-р Докмановиќ остварил подолги студиски престои, учества на конференции и семинари во преку 45 земји во светот вклучувајќи ги и универзитетите во Илиноис, Флорида и Мичиген. За врвните резултати постигнати во научно-истражувачката работа, добитник е на наградата „Научник на годината“ за 2013 година.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11500 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.