Почетна » Новости » Занимливости » Потрошила 14.000 долари за да се претвора во Дизни принцези, како хоби радува болни дечиња

Потрошила 14.000 долари за да се претвора во Дизни принцези, како хоби радува болни дечиња

Девојка има потрошено мало богатство на костими и перики за да се претвора во Дизни принцези. Сара Ингл поседува 17 различни аутфити и 16 перики кои ја коштале 14.000 долари за да може да се трансформира во Пепелашка, Ариел, Аурора, Снежана, Бела или Елса и Ана од „Frozen“.

Сара Ингл Сара Ингл

25-годишната девојка, која работи како маркетинг менаџер, вели дека за секоја трансформација ѝ се потребни по 3 часа за облекување и шминкање. „Родена сум со навистина големи очи и луѓето отсекогаш ми велеле дека изгледам како цртана кукла или Дизни принцеза. Претпоставувам дека моите големи очи ми помагаат за да изгледам повеќе како цртан лик. Имам кафеаво-зелени очи, па морам да носам сини леќи за Малата сирена и Елса од Frozen“ – вели таа.

Сара Ингл Сара Ингл Сара Ингл Сара Ингл Сара Ингл Сара Ингл Сара Ингл

Преобразбите на Сара биле толку многу успешни, што нејзиниот сакан започнал бизнис наречен „Princess Ever After“. Сара често е ангажирана за родендени и детски забави, но и често доброволно посетува детски болници и старски домови за да ги радува болните.

„Никогаш нема да го заборавам денот кога ме побараа за да настапам за мало девојче кое прославуваше за почетокот на паузата на нејзиното лекување од рак. Беше неверојатно да го гледаш нејзиното лице кое блескаше додека таа пееше со мене. Тоа беше најневеројатен ден“ – изјавила Сара.

Сара Ингл Сара Ингл Сара Ингл

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11086 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.