Почетна » Новости » Занимливости » Посветете им се на најблиските! Денес е Меѓународниот ден на семејството

Посветете им се на најблиските! Денес е Меѓународниот ден на семејството

Прегрнете ги најблиските! Денес во светот се одбележува Меѓународниот ден на семејството.

Семејство

Датумот 15 мај беше определен од Генералнотo coбраниe на Обединетите Нации во 1993 година. Годинашната тема „Men in charge? Gender equality and children's rights in contemporary families“ ја акцентира важноста на родовата еднаквост и правата на децата во семејството.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун истакна дека сè повеќе жени стануваат еднакви партнери со мажите во семејството и со тоа го потпомагаат создавањето на благопријатна околина за целосен и хармоничен развој на децата.

Сепак, тој напомена дека во многу земји во светот жените и децата се потиснати од мажите и општествените норми. „Дискриминацијата и запоставувањето често водат до насилство, кое го загрозува здравјето на жените и децата и им ги ограничува шансите за образование и шансите да го достигнат својот потенцијал. Тој циклус продолжува и во следните генерации, бидејќи децата кои преживуваат насилство се посклони и самите да бидат насилници кога ќе пораснат“ – објаснил тој.

Цитати за семејството

„Што можете да направите за да промовирате мир во светот? Одете дома и сакајте го своето семејство.“
Мајка Тереза

„Семејството е најважното нешто на светот.“
Принцезата Дијана

„Сите среќни семејства се исти. Секое несреќно семејство е несреќно на свој начин.“
Лав Толстој

„Можете да се збогувате со семејството и пријателите и да ставите милји меѓу вас, но во исто време ги носите нив со себе, во своето срце, во своите мисли, во својот стомак, бидејќи не само што вие живеете во свет, туку и цел свет живее во вас.“
Карл Фредерик Бикнер

„Еден ден за мене ќе правиш работи кои ги мразиш. Тоа значи да сте семејство.“
Џонатан Фоер

„За да ја разберете љубовта на вашите родители, мора да израснете свои деца.“
Кинеска поговорка

„Човек никогаш не треба да го запостави семејството поради бизнис.“
Волт Дизни

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9535 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.