Почетна » Новости » Занимливости » Посветеност: Маж посадил море од цвеќиња за слепата сопруга да ужива во убавиот мирис

Посветеност: Маж посадил море од цвеќиња за слепата сопруга да ужива во убавиот мирис

Уште еден доказ дека вистинската љубов постои. Грижлив маж во текот на две години посадил илјадници цвеќиња за неговата слепа сопруга да може да ужива во прекрасниот мирис.

Посветениот маж од Сантоми, Јапонија, го пронајде идеалното решение за секој ден да ја усреќува својата сакана, која ненадејно го изгубила видот.

Вљубениот пар стапил во брак во 1956 година, а долги години подоцна г-ѓа Куроки го изгубила видот како последица на компликации од дијабетес. Тоа предизвикало таа да се повлече во нивниот дом и деновите да ги поминува затворена помеѓу четири ѕидови. Сакајќи да ја мотивира да излегува почесто надвор, заљубениот маж на имотот посадил море од розови цвеќиња во чиј мирис да може да ужива неговата сопруга.

Цветна градина во Јапонија Цветна градина во Јапонија Цветна градина во Јапонија

Градината со прекрасниот розов цветен „тепих“ сега е место каде г-ѓата Куроки секојдневно ужива. Цветната градина ја посетуваат илјадници лица од целиот свет за да се насладуваат на глетката и да се инспирираат од љубовната приказна на среќниот пар.

Цветна градина во Јапонија Цветна градина во Јапонија Цветна градина во Јапонија Цветна градина во Јапонија Цветна градина во Јапонија Цветна градина во Јапонија Цветна градина во Јапонија

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11247 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.