Почетна » Новости » Занимливости » Популарната Аргета во нова амбалажа

Популарната Аргета во нова амбалажа

Омилената паштета со истиот врвен квалитет отсега во полесно и потрајно пакување

Аргета, еден од најомилените брендови на овие простори, производ кој претставува синоним за врвен квалитет, отсега може да се најде со нова подобрена амбалажа и модерен дизајн, но со истиот препознатлив вкус. Новата амбалажа овозможува едноставно отворање на добро познатиот, луксузен квалитет на омилената паштета.

Аргета

Креирана според потребите на современите потрошувачи, сега во алуминиумско пакување, Аргета е посигурна и побезбедна за околината, подостапна за потрошувачите, обезбедувајќи премиум квалитет однатре и надворешно. Грижливо одбраните состојки, свежите зачини и најдобрите парчиња месо прават Аргета да се разликува од останатите паштети. Секоја Аргета треба да биде со врвен квалитет, и токму затоа производството се одвива под строга контрола која го прати производот од суровината до амбалажата.

Аргета

Врвниот квалитет, кој е во хармонија со одличниот вкус, сега е поддржан и од новата модерна и еколошки препорачлива амбалажа која подобро ги нагласува свежината и високиот квалитет на Аргета.

Алуминиумската амбалажа е полесна, потрајна, лесно се рециклира и на тој начин придонесува кон заштитата на животната средина и примена на еколошките стандарди. Мислејќи и грижејќи се на генерациите кои денес растат, а не загрозувајќи ги правата на оние кои допрва доаѓаат, цел на новата подобрена амбалажа е најмало можно влијание на околината.

Поради тоа Аргета е одлична како надворешно, така и однатре. Високиот квалитет и безбедноста во 2013 година го потврдија и мајките, најстрогите судии на квалитетот на Аргета, кои имаа можност да ја посетат фабриката каде се произведува Аргета.

Мајките имаа увид во целиот процес на производство, и лично се уверија дека Аргета е направена од одбрани парчиња чисто месо, природни зачини и растително масло, правејќи внимателен преглед на целата фабрика и со својот потпис го потврдија квалитетот на Аргета и да го дадоа својот потпис „Одобрено од мајките“.

Аргета

Производството на Аргета е според највисоките меѓународни хигиенски стандарди, во склад со меѓународните HACCP системи, со кои се обезбедува највисокото ниво на безбедност во процесот на производство. Врвниот квалитет е повеќекратно потврден со различни сертификати и награди, а производите Аргета имаат добиено и Халал сертификат од Исламската заедница за производство.

Аргета – модерен бренд кој ги следи трендовите

Аргета денес се смета за најголем производител на паштети во Европа, со продадени околу 100 милиони производи оваа година. Може да се најде на полици во продавници во повеќе од дваесет земји, со препознатлив имиџ и изградени релации со потрошувачите. Со новото пакување, дизајнирано во согласност со најновите трендови, Аргета дополнително ја зајакнува својата позиција пред конкуренцијата. Покрај новото пакување таа има и редизајнирана веб страница, на која се наоѓаат свежи содржини и голем број на совети, кои можат да го направат поинтересен нашиот секојдневен живот. Посетете ја страната http://www.argeta.com/mk/argeta и запознајте се одново со Аргета-брендот!

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11169 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.