Почетна » Новости » Занимливости » „Поддржете ги мајките за да ги дојат бебињата“: Се одбележува Светската недела на доењето

„Поддржете ги мајките за да ги дојат бебињата“: Се одбележува Светската недела на доењето

Не залудно се вели дека мајчиното млеко е „течно злато“. Тоа му овозможува на бебето сè што му е потребно за правилен и здрав развој на почетокот од животот, а истовремено го штити од вируси, бактерии и болести. Мајчиното млеко постојано се менува и адаптира за да ги задоволи потребите на малечкото.

За да се поттикнат мајките да ги дојат своите деца, за да се истакне важноста на доењето и за да се промовира неверојатната моќ на мајчиното млеко, секоја година од 1 до 7 август се одбележува Светската недела на доењето. Повеќе од 120 земји се имаат приклучено во кампањата, која оваа година се одвива на тема: „Да се поддржат родителите за да се овозможи доењето“.

Доење

Мотивите зад темата е да се поттикнат владите на државите да создадат политики кои го поддржуваат доењето, како задолжително породилно отсуство, стерилни и приватни услови за измолзување на работното место откако мајката ќе се врати на работа, достапна грижа за детето додека мајката е на работа, родителско отсуство за таткото и сл.

Светската недела на доењето за првпат беше одбележана во 1992 година со цел да се создаде глобална култура на доење и да се поттикне доењето насекаде.

Светската здравствена организација е категорична дека мајките треба да ги дојат своите бебиња ексклузивно до 6 месеци, а потоа да продолжат до 2 години заедно со цврстата храна. Овие практики му го подобруваат имуниот систем на бебето, го штитат од болести и му овозможуваат заштита од хронични болести понатаму во животот.

Но, доењето не го штити само бебето, туку и мајката, намалувајќи го кај неа ризикот од рак на дојка и јајници.

УНИЦЕФ и СЗО повикуваат владите да им овозможат на мајките низ целиот свет платено породилно отсуство од минимум 18 недели, а пожелно е тоа да биде 6 месеци, како и платено родителско отсуство за татковците. Двете релевантни организации повикуваат и на поголеми инвестиции во програми за доење, подобро советување и поддршка за жените во здравствените установи и заедницата, како и ставање крај на промовирањето на супститути за мајчиното млеко за родителите да донесат информирана одлука за најдобриот начин за хранење на нивните деца.

Голем број славни личност споделуваат фотографии на кои ги дојат децата или ги охрабруваат нивните сакани додека дојат за да ја подигнат свеста кај луѓето.

Доење Доење Доење Доење Доење Доење Доење Доење Доење Доење Доење Доење Доење Доење

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10621 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.