Почетна » Новости » Занимливости » „Погледни ме“: Креативна кампања за насилството врз жените

„Погледни ме“: Креативна кампања за насилството врз жените

Кампања со интерактивен билборд ја подигнува свеста за насилството врз жените.

На билбордот е прикажана претепана жена и пораката „Погледни ме“. Ако минувачите го игнорираат билбордот, сликата останува иста. Но, кога минувачите ќе започнат да гледаат во жената, нејзиното лице започнува да се менува. Колку повеќе минувачи ја гледаат жената, толку побрзо заздравуваат модринките и раните на нејзиното лице.

Кампања Кампања Кампања

За кампањата е искористена технологија за препознавање на лица, па минувачите кои не „замижуваат“ пред мрачната фотографија, добиваат порака дека понекогаш е доволно само една личност да ја забележи жртвата на семејно насилство за да настапи промена.

Кампањата е на „Women's Aid“, британска хуманитарна организација која се стреми да стави крај на насилството врз жените и децата, а е направена по повод Меѓународниот ден на жената.

„Стотици и илјадници жени се жртви на семејно насилство секоја година, но многу од нив чувствуваат дека не можат да кажат никому затоа што мислат дека никој нема да им верува или дека нема да ги разбере. Овие жени живеат во невидлив затвор, контролирани и повредувани од личноста која би требало да ги сака најмногу“ – велат од „Women's Aid“. Идејата на кампањата е да се покаже дека секој може да придонесе во борбата со овој сериозен проблем.

Кампања Кампања

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10615 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.