Почетна » Новости » Занимливости » Погледнете го решението на една мајка за хаосот во собата на ќерка ѝ

Погледнете го решението на една мајка за хаосот во собата на ќерка ѝ

Што правите кога вашата ќерка одбива да го среди хаосот во нејзината соба? Дали се помирувате со состојбата, ја принудувате да ве послуша или вие расчистувате по неа затоа што не можете да издржите во неред повеќе?

Мајка, на која ѝ здодеало да се расправа со ќерка си за неуредната соба и постојано да ѝ го повторува истото нешто, пронајде креативно решение за проблемот.

Алис Веласквез ги собрала во вреќи работите кои биле расфрлани низ собата на ќерка ѝ, а потоа ѝ рекла дека ако сака да си ги врати назад, да плати по 25 долари по вреќа. Парите требало да ги заработи од исполнување домашни обврски.

Кеси

Алис сподели фотографија од своето дело заедно со објаснување и доби речиси 8 илјади споделувања и коментари во кои многумина ја нарекоа „гениј“, а нејзината идеја „одлична“.

Што правите кога ви е СМАЧЕНО да ѝ велите на ќерка ви да престане да дозволува собата да ѝ наликува како во неа да живее бездомник? Ставате сè (ДА, СÈ) во најлонски кеси и ѝ ги продавате за 25 долари за една вреќа (таа мора да ги заработи парите од извршување домашни обврски).

Најдобриот дел? Нештата во вреќите се собрани произволно, како што сте ги нашле низ собата. Па така, со нејзините 25 долари може да купи или валкана облека, или ѓубре, или спортската опрема.

Пораката на Алис Веласквез

Кеси

What do you do when you are DONE telling your teenage daughters to stop letting their room look like homeless people...

Posted by Alice Velásquez on среда, 9 март 2016

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11495 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.