Почетна » Новости » Занимливости » Очајна мајка продава прегратки за да ја спаси ќерка си која е болна од леукемија

Очајна мајка продава прегратки за да ја спаси ќерка си која е болна од леукемија

Мајка од Кина продава прегратки за да собере пари за лекување на малата ќерка која боледува од леукемија.

Очајната Чен Деѓуен беше фотографирана на метро станица со порака дека една прегратка чини 10 кинески јуани. На фотографиите, веднаш до неа седи малото девојче со маска на лицето, а пред неа има документи кои потврдуваат дека станува збор за вистински случај, а не измама.

Мајка

Голем број дарежливи минувачи си купиле прегратки и мајката за еден час успеала да собере 600 јуани.

Мајка Мајка Мајка

Чен и нејзиниот сопруг дознале дека нивната ќерка има леукемија во мај. За лекувањето на девојчето тие досега имаат потрошено 70.000 јуани. Откако ја потрошиле нивната заштеда и позајмените пари од пријатели и роднини, тие се нашле во безизлезна ситуација, па Чен решила да ја започне својата кампања со прегратки.

Дополнителни донации биле направени од лица кои биле трогнати од постапката на грижливата мајка.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10629 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.