Почетна » Новости » Занимливости » „Одложен бакнеж“: Вистинска приказна за љубов уништена од војната во Босна, обновена 16 години подоцна

„Одложен бакнеж“: Вистинска приказна за љубов уништена од војната во Босна, обновена 16 години подоцна

Краток филм, кој раскажува вистинска приказна за млада љубов прекината од граѓанската војна во Босна и Херцеговина, ќе ве освои.

Видеото е креирано по колумната на Николина Кулиџан за „The New York Times“, во која таа опишува како ја изгубила својата прва љубов од тинејџерските години поради војната, но и како повторно ја пронашла 16 години подоцна, благодарение на интернетот.

Имено, Србинката Николина и Хрватот Марко се запознале во Мостар во 1992 година, непосредно пред да започне војната. Набрзо, Марко станал првата љубов на Николина и двајцата биле неразделни. За жал, оваа љубов, која никогаш не била крунисана со бакнеж, била прекината од војната.

„Во мојот 12-годишен ум, нашиот град Мостар во Босна и Херцеговина беше премногу убав и луѓето беа премногу добри едни кон други за да има граѓанска војна таму... Дента кога започна војната, со Марко се враќавме дома заедно. Без објаснување нè пуштија порано од училиште. Додека одевме, тој ми кажа дека ако избувне војна, неговото семејство ќе се пресели во Сплит, Хрватска.“

„Помалку од половина час подоцна, додека се качував до нашиот стан, експлозија ја потресе зградата. Тресокот ме фрли надолу по скалилата, а зградата потона во мрак. Подоцна дознав дека трактор-приколка со експлозиви беше детониран на улицата помеѓу нашата зграда и воените бараки“ – пишува Николина во својата колумна.

Марко со своето семејство се преселил во Сплит, додека Николина и нејзините блиски заминале во Белград.

„Неколку пати отпатував до мојот роден град по војната, но не се осмелував да го побарам Марко. Размислував за тоа, дури и знаев како да стапам во контакт со него преку пријател на сестра му, но секогаш одлучував да не го направам тоа. Што ако тој не се сеќава на мене? Што ако тоа што јас сум Србинка, а тој Хрват сега е поголема бариера одошто кога бевме деца?“ – раскажува таа.

Цели 16 години подоцна, Николина добила електронска порака потпишана од Марко со текст: „Ако си ти Николина од Мостар, тогаш јас ти сум момче од 5-то одделение. Те молам пиши ми за да се договориме што да правиме“. Николина била пресреќна. „Тие два реда текст беа доволни за да исчезнат сите мои стравови. Марко сè уште беше игривото момче кое го сакав“ – пишува таа во својата колумна.

Тие продолжиле да си разменуваат пораки, преку кои таа дознала дека и тој мислел на неа и дека бил опседнат со помислата да ја бакне.

Бидејќи среќната девојка во тоа време живеела во Калифорнија, поминале уште неколку години додека да добие можност да се врати во Мостар. Со Марко се сретнале на старото место на кое се среќавале како деца и по долги разговори се бакнале за првпат. „Исто како и мостот во Мостар, нашите животи беа разрушени и повторно споени. Сè уште собиравме парчиња, само што сега имавме едно парче помалку за барање. Имавме уште неколку голтки вино во чашите кога со Марко се фативме за раце, се наведнавме и се бакнавме. Во тој момент, изгледаше како ништо никогаш да не било изгубено“ – вака Кулиџан ја завршува својата колумна.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27001 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.