Почетна » Новости » Занимливости » Од продавачка на леб до модел: Животот на Нигеријка целосно се промени откако беше фотографирана на улица

Од продавачка на леб до модел: Животот на Нигеријка целосно се промени откако беше фотографирана на улица

Нигеријка се најде на вистинското место во вистинското време и само една фотографија целосно ѝ го промени животот.

Убавата продавачка на леб поминувала додека раперот Тајни Темпа снимал фотосесија во Лагос. Фотографката Тију Бело реагирала веднаш и ја прашала дали може да ја слика, а таа кимнала со главата.

Џумоке Орисагуна

Откако фотографијата била објавена на социјалните мрежи, многумина сметале дека станува збор за професионален модел. Тоа ја навело Бело да ја побара девојката за да ѝ понуди нова работа.

„Не мислев дека направив добра слика. Кога фотографиите се појавија првпат на социјалните мрежи, сите веднаш помислија дека таа е модел. Никој не веруваше дека таа само беше на поминување. Си размислував, ако сите мислат дека таа е модел, тогаш можеби таа треба да биде модел, па започна потрагата“ – изјавила Бело.

Така беше откриена Олаџумоке Орисагуна. Младата мајка на две деца продавала леб за заработка од еден долар дневно. Сега веќе има договор со агенција за модели, а поради славата која ја стекна, е на добар пат да стане успешен модел.

Џумоке Орисагуна Џумоке Орисагуна Џумоке Орисагуна

„Не очекував дека ова ќе ми се случи мене. Пријателите ми кажаа дека ме виделе на телевизија и се многу среќни. Моите родители не можат да поверуваат дека нивното дете постигна ваков успех. Сите се многу среќни“ – изјавила Орисагуна која била ангажирана од познат дизајнер од Нигерија.

Џумоке Орисагуна Џумоке Орисагуна

На Џумоке ѝ била доделена стипендија за да може да го заврши своето образование, а исто така една банка го платила школувањето на нејзините две деца.

„Ова е феноменална приказна“ – коментирала Бело.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11255 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.