Почетна » Новости » Занимливости » Од малтретирано дете со бујна фантазија, до креатор на најубавите цртани филмови: Приказната за Волт Дизни во кратко видео

Од малтретирано дете со бујна фантазија, до креатор на најубавите цртани филмови: Приказната за Волт Дизни во кратко видео

Волт Дизни е човекот заслужен за креирањето на најубавите цртани филмови и за создавањето на „најсреќното место на светот“ - Дизниленд.

Но, за да стигне до огромниот успех, иновативниот аниматор морал да изоди по трнлив пат.

Видео накратко ја прикажува неговата животна приказна, доловувајќи ги моментите кои довеле до создавањето на омилените детски ликови.

Тој беше роден во сиромашно и несреќно семејство.

Неговиот татко беше насилник кој го казнуваше и за најмалата непослушност.

Викотници постојано се слушаа низ куќата.

Во детството мораше да работи во пошта, само за неговиот татко да му ги земе сите пари кои ги заработуваше.

Само неговата грижлива мајка го поддржуваше и заштитуваше.

Секоја вечер таа му читаше приказни за добра ноќ.

На момчето му се допаѓаше бегањето од неговата сурова реалност и влегувањето во тие светови каде доброто триумфира над лошото.

Но, влегуваше во тие светови само навечер, кога неговата мајка си идеше дома.

Па, затоа реши да создаде свои сопствени светови.

Кога имаше време, момчето ги црташе своите ликови и смислуваше приказни за нив.

По години работа во пошта, тој доби работа во локален весник.

Ги понуди своите цртежи за печатење во весникот, но беше отпуштен.

Шефот рекол дека нема талент.

Но, момчето никогаш не престана да сонува.

Одлично се сеќаваше на деновите од своето детство и сакаше да им раскаже на децата како него за тие прекрасни светови.

Неколку од неговите обиди да основа анимациско студио не беа успешни и тогаш тој дојде до брилијантна идеја.

Тој ѝ додаде звук на анимираната слика! За првпат во светот!

И тоа беше огромен успех.

Тоа можеме да го видиме гледајќи во 21 Оскар на Волт Дизни.

И тој не запре таму.

Тој создаде вистински свет каде децата ќе можат да се чувствуваат како да се во бајка.

И го нарече Дизниленд.

Волт Дизни

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10499 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.