Почетна » Новости » Занимливости » Од мали нозе имал постер од Новак Ѓоковиќ на вратата од спалната соба, години подоцна го победи на теренот

Од мали нозе имал постер од Новак Ѓоковиќ на вратата од спалната соба, години подоцна го победи на теренот

Лука Нарди почувствува како е да се победи сопствениот идол.

20-годишниот тенисер од мали нозе е обожавател на Новак Ѓоковиќ и чува негов постер на вратата од спалната соба. Во интервју направено пред 8 години, Лука сподели дека се огледува на Ноле и дека ја обожава неговата игра на теренот. Осум години подоцна, тој успеа да го победи во третото коло на Индијан Велс.

Надри не можел ни да поверува дека добил можност да игра со својот омилен тенисер, а уште помалку, дека извојува победа над него.

Лука Нарди Лука Нарди Лука Нарди

Во интервјуто по мечот, италијанскиот спортист бил запрашан од новинарите дали сè уште го чува постерот од Новак на врата, на што одговорил:

„Да, го чувам. Секојпат која одам да спијам, го гледам Новак. Мислам дека ќе го задржам и понатаму“.

Пред победата, Лука беше рангиран на 123-тата позиција на ранг листата. Тој започна да игра тенис на 7-годишна возраст, а покрај Новак негов идол е Роџер Федерер.

Лука Нарди

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11188 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.