Почетна » Новости » Занимливости » „Ништо не се споредува со љубовта на баба“: Старица бликаше од среќа додека фрлаше латици на свадбата на внука си

„Ништо не се споредува со љубовта на баба“: Старица бликаше од среќа додека фрлаше латици на свадбата на внука си

Бабичка, која скокаше од среќа и се радуваше додека фрлаше латици на свадбата на внуката, стопли илјадници срца на интернет.

86-годишната старица била поканета на свадбената прослава на внуката Брена како специјална гостинка. Нејзе ѝ била доделена задачата да фрла цветови пред олтарот, а таа со задоволство ја прифатила. Фотографиите се доказ за тоа.

„Ништо не се споредува со љубовта на баба“ – пишува во описот на свадбениот фотоалбум.

Свадба Свадба Свадба Свадба Свадба Свадба Свадба

Брена Клемен вели дека била инспирирана да ѝ ја даде на баба си улогата која вообичаено ја имаат мали деца откако слушнала слично искуство од жена за која се грижела.

„Се грижев за една многу болна повозрасна жена, која ми раскажа приказна за тоа дека фрлаше цвеќиња на свадбата на нејзиното внуче. Таа ми беше инспирација за да ја донесам мојата баба на мојата свадба“ – рекла невестата која е болничарка.

„Дедо ми беше многу горд. Им велеше на фотографите: Тоа е мојата девојка со латици“ – додала таа.

Свадба Свадба Свадба Свадба

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10611 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.