Почетна » Новости » Занимливости » „Несовршеностите го прават светот забавен“: Маж со порака за збрчканиот стомак на сопругата по раѓањето на три деца

„Несовршеностите го прават светот забавен“: Маж со порака за збрчканиот стомак на сопругата по раѓањето на три деца

Блогерката Хејли Гарнет постојано се обидува да ја покаже моќта на женското тело, но не крие дека редовно е и мета на негативни коментари поврзани со изгледот на нејзиното тело по раѓањето на три деца.

„Дали се срамиш од твоето тело пред сопругот?“ и „Дали сè уште му си привлечна на сопругот по раѓањето на децата?“ се дел од прашањата кои допреле до Хејли и ја натерале да го замоли сопругот да напише порака во која искрено ќе опише како се чувствува за промените на нејзиното тело по породувањата.

Хејли

Хејли ме замоли да напишам нешто за нејзиното тело по породувањето.

Мислев дека ќе биде лесно, но тогаш почнав да размислувам – што има тука да се пишува?

Се разбира, нештата изгледаат малку поразлично – но во големата слика ништо не е променето.

Причините поради кои се вљубив во неа немаат никаква врска со ниту еден од деловите од нејзиното тело кои се променија по породувањето.

Таа сè уште има прекрасна насмевка, одлучен ум, згодно тело и силна работна етика како и девојката во која се вљубив пред повеќе од 15 години.

Таа сè уште ја има истата смисла за хумор.

Таа сè уште мириса одлично.

Нејзиното тело по породувањето навистина изгледа поинаку, но зошто тоа воопшто треба да биде некаков фактор во мојот живот?

Меката кожа околу нејзиниот папок ги чуваше трите мои најдобри пријатели 18 месеци.

Стриите ја покажуваат силата која ѝ беше потребна за да ја носи тежината на двете прекрасни девојчиња кои ќе растат со оваа храбра мајка.

Ништо не ја промени мојата љубов кон мојата сопруга.

Добивам пофалби дека сум ‘одличен сопруг’, но тоа се глупости.

Буквално правам најмалку што можам со тоа што ја сакам жена ми онаква каква што е, со сите ‘несовршености’.

Несовршеностите го прават светот забавен.

Ако сè беше совршено како „Барби“, немаше ли на сите да ни е здодевно?

На кој друг начин би можеле да покажеме низ што сте поминале во животот?

Без разлика дали станува збор за тетоважи за кои се каеме, лузни, операции, смешна брада или стомак по породување, искрено... на кого му е гајле?

Бидете добри еден кон друг. Учете од грешките – вашите и на другите. Помагајте им на оние на кои им треба помош и ајде да престанеме да гледаме кој како изгледа.

Мојата жена не е совршена и поради тоа ја сакам.

Токму затоа вие го читате сето ова.

Ако таа беше совршена, ниту еден од вас немаше да може да се поврзе со неа.

Жените чувствуваат како мажите (и другите жени) се грижат повеќе за површната надворешност, отколку за борбите кои довеле до тие таканаречени ‘несовршености’.

И тажната вистина е што тие понекогаш се во право. Во ера на нереални модели на насловни страници, момците често се растени со нереални стандарди и плитки вредности. Жените чувствуваат притисок на млада возраст да изгледаат како Кардашијанките, додека момците сакаат да бидат Нинџа Желки или Моќни Ренџери. Тоа е маѓепсан циклус кој ќе се скрши единствено кога мајките и татковците ќе започнат да ги учат децата за човечките вредности. Сè додека луѓето не научат да ги сакаат луѓето, ова ќе биде проблем за следните генерации.

Не е тешко, само престани да бидеш идиот.

И до сите мажи кои не си ги вршат своите обврски околу менувањето пелени, готвењето, чистењето и кажувањето на сопругата колку е убава – започнете да го правите тоа.

Вие сте тим.

Па да, требаше да пишувам за стомакот на сопругата.... но искрено, тоа ми значи толку малку што бладав за сè друго.

Хејли

Хејли и Коди ги добија близначките Рамона и Руби во 2017 година, а имаат уште едно поголемо синче.

Хејли

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10397 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.