Почетна » Новости » Занимливости » Вечен потсетник за чудата кои ги прави женското тело: Мајка го покажа стомакот со стрии по раѓањето на близначки

Вечен потсетник за чудата кои ги прави женското тело: Мајка го покажа стомакот со стрии по раѓањето на близначки

Блогерка, која има три деца, гордо го покажа збрчканиот стомак од бременостите за да покаже дека белезите на телото по породување се вечен потсетник за чудата кои ги прават женските тела.

Хејли Гарнет пред една недела ги донесе на свет близначките Рамона и Руби. Познатата блогерка сподели фотографија на која ги држи новородените ќеркички, а фокусот е ставен на видливите стрии на нејзиниот стомак.

Прочитајте ја нејзината порака, која инспирира илјадници родители да ги споделат своите приказни за растењето на близнаци.

Хејли

Среќен еднонеделен роденден, дами! Ова утро син ми Арчер ме праша што не е во ред со мојот стомак и јас му одговорив дека сите мои бебиња ми оставаат белези на стомакот, за никогаш да не заборавам дека јас самостојно ги пораснав во моето стомаче и дека тие постојат на земјата со мене сега! Тие се вечен потсетник, без разлика дали сум навистина самоуверена со стриите или не, и несомнено сведочат за чудата кои моето тело ги направи.

Бременоста со близнаците ми беше многу поразлична од бременоста со мојот син. Постојано пиев лекови за гадење, стомакот ми растеше толку брзо што чувствував дека буквално ќе ми се расцепи и последниот месец ми беше многу тешко да се движам. Се борев и ментално, бидејќи не бев сигурна како син ми ќе го прифати тоа што ќе имаме две бебиња на кои ќе им треба нашето внимание, кога претходно секогаш бевме само ние тројца. Исто така, не бев сигурна како можеме финансиски да си дозволиме две новороденчиња истовремено – всушност сè уште не сум сигурна како го правиме тоа. Најважно од сè, бевме навистина возбудени и среќни што добивме таков прекрасен подарок од два животи наеднаш.

Хејли

Во текот на бременоста, Хејли постојано споделуваше фотографии од огромниот стомак, додека одбројуваше до денот на породувањето.

Хејли Хејли Хејли Хејли Хејли Хејли Хејли Хејли Хејли

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11121 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.