Почетна » Новости » Занимливости » Нема шанси да ги помешате: Близначки кои изгледаат потполно различно

Нема шанси да ги помешате: Близначки кои изгледаат потполно различно

Луси и Марија Ејлмер се близначки кои секој може да ги разликува, затоа што воопшто не наликуваат една на друга. Луси има светла боја на кожата, црвенокафеава права коса и сини очи, додека Марија е кадрава црнокоса, со темна кожа и кафеави очи.

Луси и Марија Ејлмер

Очигледните разлики меѓу 18-годишните Британки се должат на мешаното потекло на нивните родители. Дона, мајката на Луси и Марија, е половина Јамајканка, додека нивниот татко Винс е белец. Сепак, шансите да се родат близнаци со различна боја на кожата се многу мали (еден случај на милион).

Луси и Марија Ејлмер Луси и Марија Ејлмер

Заради надворешниот изглед, никој не им верува на Марија и Луси дека се сестри. „Никој не ни верува дека сме близначки, бидејќи јас сум бела, а Марија е црна. Дури и кога ќе се облечеме исто, ние не изгледаме како сестри, а уште помалку како близначки. Кога се запознавме за првпат со пријателите, тие не ни веруваа дека сме близначки, па моравме да им покажеме изводи од книгата на родените за да им го докажеме тоа“ – изјавила Луси.

Луси и Марија Ејлмер

Дури и мајката на близначките не можела да им поверува на очите кога ги видела своите бебиња во болница по породувањето. „Тоа било голем шок за неа зашто бојата на кожата не може да се види на скрининзите во бременоста. Таа немала претстава дека сме толку многу различни. Кога медицинската сестра нè предала во нејзините раце, таа останала без зборови“ – рекла Луси за вчудоневиденоста на мајка ѝ.

Луси и Марија Ејлмер Луси и Марија Ејлмер

Марија и Луси ја немале ни можноста да се шегуваат со професорите и соучениците менувајќи ги своите места, бидејќи тие лесно ги препознавале. „Бевме во исто одделение, но сите нè разликуваа. Близнаците се познати по разменување на идентитетите. Но, јас и Марија немавме можност да правиме нешто такво“ – изјавила синооката Луси.

Луси и Марија Ејлмер Луси и Марија Ејлмер

Близначките имаат уште двајца браќа и една сестра.

Луси и Марија Ејлмер Луси и Марија Ејлмер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.