Мало девојче ќе ви го растопи срцето со слатката реакција на првата средба со прабаба си, која е болна од деменција.
Родителите на Софи се плашеле од тоа како таа ќе реагира кога за првпат ќе ја посети својата прабаба Бренда во старечки дом, бидејќи 82-годишната старица страдала од деменција. Слаткото девојче ги изненадило сите кои очекувале дека ќе се плаши од Бренда која е во напредна фаза на деменција.
Во видеото, Софи нежно ѝ пее на слепата прабаба и ја гали по лицето, а на крајот ѝ подарува бакнеж полн со љубов.
„Софи ја врати во живот. Беше неверојатно, не можевме да поверуваме“ – изјавила мајката на Софи.