Почетна » Новости » Занимливости » Нега на возрасна кожа со производите на Eucerin

Нега на возрасна кожа со производите на Eucerin

Комерцијален текст

Кожата е најголемиот орган на нашето тело кој ги заштитува сите органи од нашето тело. Таа е првата одбранбена линија која нѐ заштитува од влијанијата на надворешната средина, орган преку кој ја чувствуваме околината, топлите прегратки, првиот бакнеж... Импресивна е и скромноста на кожата колку е таа толерантна, но и колку е благодарна кога соодветно ја негуваме. Но, често се прашуваме какви се потребите за нега на нашата кожа? Еве ги советите од Eucerin за нега на возрасна кожа после пубертет...

Eucerin

По 18-тата година човековиот организам е во полна регенеративна моќ и за нега на кожата е потребна само интензивна хидратација која ќе ја одржи кожата еластична и без брчки. За оваа возраст ви ги советуваме производите од AQUAporin ACTIVE линијата.

По 25-тата година на нашата кожа почнува да ѝ недостасува енергија. Дополнителна енергија ќе ѝ додадеме преку нега со производите кои содржат коензим Q10 кој е сличен на витамините и се бори со првите брчки и фините линии на кожата.

По 30-35-тата година се појавуваат првите посериозни брчки, бидејќи моќта на кожата да создава хијалуронска киселина полека се намалува. Во овој период потребна е нега со производи кои содржат хијалуронска киселина, кои ќе ја хидрираат кожата и ќе се борат против појавата на брчки или веќепостоечките брчки. Eucerin Hyaluron-Filler производите ќе ги задоволат потребите за нега на кожата по 30-тата година.

По 40-45-тата година постепено брчките се продлабочуваат, тонусот и волуменот на кожата се намалуваат и тоа води кон промена на контурите на лицето. Само хијалуронска киселина веќе не е доволна за нега на кожата, кожата има потреба од поголема помош, а тоа ќе го овозможиме со производите од Volume-Filler линијата. Овие производи имаат хијалуронска киселина, олигопептиди и магнолол кои во оваа комбинација го враќаат намалениот волумен и тонус на кожата и ги подобруваат контурите на лицето.

Eucerin Eucerin

Но пред да нанесеме крем за нега да не ја заборавиме хигиената, односно чистењето на кожата, бидејќи само чистата кожа слободно дише и целосно ги прима активните состојки од кремите. Нека здравиот сјај и младешкиот изглед бидат карактеристика на нашата кожа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11216 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.