Почетна » Новости » Занимливости » Невеста танцуваше со 95-годишниот дедо на свадбата: „Никогаш не сум го видела толку насмеан“

Невеста танцуваше со 95-годишниот дедо на свадбата: „Никогаш не сум го видела толку насмеан“

Невеста сподели фотографии од емотивниот момент кога танцувала со својот дедо на свадбата и вели дека никогаш нема да го заборави тој прекрасен момент.

Невеста Невеста Невеста Невеста

Видео

26-годишната Жаклин Ван Френк избрала да се венча со својот сакан во катедрала во Нешвил каде се венчале и нејзините баба и дедо пред 71 година. За да ѝ оддаде почит на баба си, која е почината, таа на својот бидермаер го носела нејзиното ланче.

Невеста

Семејството на Жаклин негува многу блиски односи, а дедо ѝ бил многу важна фигура во нејзиниот живот.

„Додека чекорев кон олтарот, ја чувствував големината на тој момент, во истата црква каде моите баба и дедо се заколнаа на вечна љубов пред многу години. Ланчето на баба ми беше обвиено околу мојот бидермаер. Го стегав силно и знаев дека таа е таму, дека ме гледа од горе и дека се насмевнува додека ги правам истите чекори кои таа ги направи долго време пред мене, пред 71 година. Бев малку нервозна пред да зачекорам кон олтарот, но помеѓу чувството дека баба ми е присутна таму, татко ми покрај мене и мојот иден сопруг како ме чека пред олтарот, знаев дека сум токму онаму каде што припаѓам“ – изјавила невестата.

Бидејќи дедо ѝ имал здравствени проблеми, Жаклин не знаела дали тој ќе успее да стигне на венчавката, па кога го видела меѓу гостите била пресреќна.

Невеста Невеста Невеста

„Срцето ми беше полно кога го видов таму, како ја гледа церемонијата. Можев да ја видам на неговото лице среќата што ја чувствуваше за мене, но исто така можев да ја видам тагата скриена зад неа. Знаев на кого мисли. На неговата љубов. На неговиот живот. На баба ми“ – рекла таа.

Невеста Невеста

Уште пред свадбата, таа сонувала за танц со дедо си иако не знаела дали тој ќе може да го издржи тоа. Кога бендот започнал да ја свири нивната омилена песна, Жаклин го поканила дедо си на танц.

„Никогаш во мојот живот не сум го видела понасмеан. Со помош на моето семејство, тој стоеше и танцуваше. Полека, стабилно, но во ритамот на музиката. Ме преплави бран од емоции. Сакав да останам засекогаш во моментот. Мојот сладок, 95-годишен дедо, кој ми значеше премногу, танцуваше со мене на свадбата. Чувствував огромна љубов и радост. Со сите сили се обидував да ги задржам солзите, но и покрај сите мои напори, не можев да ги запрам да се истркалаат по моето лице. Тоа беа најсреќните солзи што сум ги исплакала. Дедо ми ги виде моите солзи и ме праша зошто плачам, а јас му одговорив: ‘Бидејќи си многу добар танчар!’ Тој се насмеа и ми ја даде најтоплата прегратка. Знам дека додека сум жива никогаш нема да го заборавам овој момент, ниту пак тоа чувство“ – рекла таа.

Невеста

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.