Почетна » Новости » Занимливости » Невеста во венчаницата сними фотосесија со баба си знаејќи дека таа нема да доживее да присуствува на свадбата

Невеста во венчаницата сними фотосесија со баба си знаејќи дека таа нема да доживее да присуствува на свадбата

Тара Фолеј се обиде делумо да ѝ ја исполни последната желба на својата 102-годишна баба, а таа била да присуствува на нејзината венчавка.

Знаејќи дека баба ѝ Стасија нема да доживее да посведочи на нејзиното стапување во брак, Тара организирала специјална посета во старечкиот дом во кој била сместена.

Неколку месеци пред свадбата, среќната невеста отишла кај баба си заедно со професионална фотографка, која им направила фотосесија.

Тара Фолеј со баба си

„Знаев дека нема да може да дојде во Тексас за мојата свадба. Кога го слушнав тоа реков: ‘Морам да одам кај неа. Сакам да ме види во мојот фустан. Сакам барем приближно да ѝ ја исполнам последната желба’“ – изјавила 28-годишната невеста.

„Беше супер специјално. Многу, многу слатко“ – рекла фотографката.

Тара Фолеј со баба си Тара Фолеј со баба си Тара Фолеј со баба си Тара Фолеј со баба си Тара Фолеј со баба си Тара Фолеј со баба си Тара Фолеј со баба си Тара Фолеј со баба си Тара Фолеј со баба си Тара Фолеј со баба си Тара Фолеј со баба си

Бабичката починала еден месец по овој бесценет момент, а Тара ги чувала фотографиите во тајност.

На денот на свадбата, Тара им покажала една од фотографиите на родителите и семејството. „Татко ми мислеше дека имам споено две фотографии со Фотошоп. Беше многу, многу трогнат од фотографијата. Не мислеше дека е реална. Тогаш солзите започнаа да извираат. Сите беа преплавени со емоции и многу изненадени“ – објаснила Тара.

Тара Фолеј со семејството Тара Фолеј со семејството Тара Фолеј со семејството Тара Фолеј со семејството

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11051 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.