Почетна » Новости » Занимливости » Нè спојува топлината на народот, гостопримливоста и богатиот фолклор: Република Гвинеја прославува 60 години независност

Нè спојува топлината на народот, гостопримливоста и богатиот фолклор: Република Гвинеја прославува 60 години независност

2 октомври е најголемиот државен празник на Република Гвинеја. На овој ден, Гвинеја ја прославува независноста од Франција. 2018 е важна година, бидејќи токму денес, Република Гвинеја прославува 60 години независност. Овој ден, традиционално се обележува со јавни собири, каде старешините и владините функционери се собираат и одржуваат говори. Прославата е проследена со музика и танц, а локалното население ја носи традиционалната облека на Гвинеја.

Почесниот конзулат во Р. Македонија се приклучува на оваа јубилејна прослава и го чествува најголемиот државен празник на својата пријателска држава. Неговото постоење е доказ дека постои цврста соработка помеѓу двете земји.

Иако навидум сосема различни, со различни култури и традиции, Р. Македонија и Р. Гвинеја ги спојува топлината на народот, гостопримливоста и богатиот фолклор.

Р. Гвинеја

На Балканот, па и во Европа, многу малку се знае за Р. Гвинеја. Сместена е на западниот брег на Афричкиот континент, позната уште како француска Гвинеја бидејќи била поранешна француска колонија, а сега уште попозната како Гвинеја – Конакри. Главен град е преубавиот Конакри.

УБАВО Е ДА ЗНАЕШ ЗА РЕПУБЛИКА ГВИНЕЈА

  • Република Гвинеја преставува платформа на мултиетничка толеранција, традиција, соживот.
  • Таа е една од најбогатите африкански земји чијашто економија се базира на земјоделство и производство на минерали.
  • Гвинеја е втора во светот по производство на боксит, а воедно е најголем произведувач на злато и дијаманти.
  • Изобилува со природни убавини и е седиште на повеќе култури, традиции, обичаи.
  • Вложуваат во образованието, се обидуваат да го направат подобро, поквалитетно и достапно за секого. Стремежот е неколкукратно да се зголеми бројот на едуцирани деца.
  • Традиционалната музика која е карактеристична за оваа земја се базира на дувачки инструменти во комбинација со други музички форми од Европа или други делови од светот. Гвинеја е позната по формирањето на танцовата група „Les Ballet Africains“, која ја отсликува богатата култура и традиција на земјата. Истата настапува локално и интернационално.
Р. Гвинеја

Почесниот конзулат во Р. Македонија ќе продолжи да ја шири културата на Р. Гвинеја во нашата татковина и се надеваме дека ќе имаме можност да ги гледаме и тука, во Македонија добро познатите „Les Ballet Africains“.

Да живее пријателството на народите!

Со почит,
Почесен конзулат на Република Гвинеја во Р. Македонија

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26249 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.