Почетна » Новости » Занимливости » „Не може да јавате слонче“: ЗОО Скопје со „инструкции“ за пребирливите блогерки и инфлуенсерки

„Не може да јавате слонче“: ЗОО Скопје со „инструкции“ за пребирливите блогерки и инфлуенсерки

Блогерките и таканаречените инфлуенсери понекогаш претеруваат со своите барања за да ја направат совршената фотографија.

Тина Мицковска, која е претставник за јавноста во Зоолошката градина во Скопје, објави порака до нив за да им укаже како НЕ треба да се однесуваат за време на посетата и како НЕ смеат да ги третираат животните.

Животни

Прочитајте го нејзиниот пост:

До сите новопечени инфлуенсерки и wannabe блогерки:

  • Не, не може да јавате слонче
  • Не, не може да се сликате легнати до тигарот во тигреста купаќа
  • Не, не може да го држите Коко за рака и као демек шетате
  • Не, не може да ги пуштиме лемурите надвор од живеалиште, за луѓето да мислат дека сте на Мадагаскар
  • Не, не може да ја гушнете жирафата со две раце као демек ептен ве сака и сте BFF
  • Не, не може папагалот за на стори да ви каже ја сакам Разменка во поштенско сандаче
  • Не, не може да позирате со лавот и да пишете King and Queen

Наместо да ви текнуваат вакви будалаштии, дојдете фатете се за лопата и чистете им го изметот, повеќе лајкови ќе соберете

Животни Животни Животни Животни Животни Животни Животни

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.