Армадило чевли. Откачените чевли на дизајнерот Alexander McQueen станаа едни од најозборуваните дизајнерски креации оваа сезона. Од познатите, Лејди Гага веќе ги проба овие луди чевли, а најновите вести од модните писти велат дека многу манекенки одбиваат да ги носат чевлите високи 25,5cm.Високи чевли без штикла. Овие чевли станаа толку популарни, што некои славни личности како Викторија Бекам гордо ги покажуваа и на црвениот килим.Чизми од коњски копита. Да, тоа се вистински коњски копита. Метални чорапи. Модата навистина ги преминува сите граници. Овие високи чорапи се креирани од LaQuan Smith.Хеланки со перничиња на колената. Хеланките од овој тип, какви што има дизајнирано и Линдзи Лохан, станаа хит. На некои женски можеби им служат како заштита при паѓање, но тешко е да не се помисли дека можеби имаат и друга намена. Во секој случај, уште еден луд моден додаток.Аксесоар за рака како скелет. Навистина необична креација на Delfina Delettrez. Дури и ако некому се допадне овој моден додаток, кога ќе разбере дека цената е 24 000 долари, со сигурност веднаш ќе се откаже.Сребрен прстен со прст. Уште еден аксесоар на Delfina Delettrez се најде на оваа листа. Тој доаѓа заедно со шишенце лак за нокти.Венче за коса со глувци. Навистина бизарен аксесоар, кој ќе ви стане уште поодбивен кога ќе дознаете дека тоа се вистински препарирани глувци.Шал со женски гради. Луд аксесоар со јапонско потекло. Некои од овие шалови имаат и цветни орнаменти што би требало да претставуваат тетоважа. Капа од чанта. Овој инвентивен аксесоар е дело на Aya Nonogaki.Чанта со шајки. Можеби ова е идеално решение за големите трошачки. Секој обид да дојдете до парите ќе биде попречен, барем за момент. Или пак можете да се заштитите од кражба. Прстен - вибратор. Машки вибратор од Lelo кој што можат мажите да го носат насекаде со нив. Може да се користи и соло и за време на сексуален однос со партнер.
Светлечки трепки. Јапонците се луди, тоа многупати го имаме заклучено. Погледнете го интересното видео, кое има уште поинтересна песна во позадина.