Челзи Моралес ќе има прекрасни спомени од моментот кога нејзиниот сопруг Вил дозна дека таа е бремена.
Идната мајка му рекла на саканиот дека на наградна игра освоиле фотосесија. За време на снимањето, на мали табли и двајцата требало да напишат по неколку зборови за да се опишат еден со друг.
Вил напишал „убава“, „остоумна“ и „паметна“, а Челзи напишала „Ќе станеш тато“.












„Тој премина од потполен шок кон неизмерна радост со потечени солзи. За време на фотосесијата ја имаше најголемата насмевка на лицето и постојано повторуваше: Не можам да поверувам!“ - изјавила среќната Челзи.