Почетна » Новости » Занимливости » Најслатката тајна: Пар криел дека очекува близнаци за да ги изненади блиските

Најслатката тајна: Пар криел дека очекува близнаци за да ги изненади блиските

Брачни партнери од Тексас одлучиле да ја чуваат во тајност веста дека очекуваат близначиња за да ги изненадат блиските на денот на нивното раѓање.

Кога Шерон и Кори Редемекар, кои веќе имале еден син, дознале дека ќе станат родители на уште две деца, тие едногласно донеле одлука дека сакаат полот на бебињата да биде изненадување. Но, најголемото изненадување било наменето за нивните роднини.

Парот во текот на целата бременост криел дека ќе добие близнаци. Нивните најблиски дознале за тоа минатиот месец, кога Шерон ги родила бебенцата, а нивните реакции биле снимени во емотивен видеозапис.

Видеото стана вистински интернет хит и за само пет дена има 4 милиони прегледувања на YouTube.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9534 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.