Почетна » Новости » Занимливости » Најдобрата учителка: Моментот кога баба ќе чуе дека внука ѝ ќе добие бубрег од учителката

Најдобрата учителка: Моментот кога баба ќе чуе дека внука ѝ ќе добие бубрег од учителката

Добродушна учителка одлучи да донира бубрег за своја ученичка, откако здравствената состојба на девојчето започнала да се влошува. Видеото во кое учителката Џоди Шмит ѝ ја соопштува веста на бабата на девојчето ќе ви ја врати вербата во човештвото.

За изненадувањето да биде комплетно, бабата била повикана во канцеларијата на директорката, па таа си мислела дека ќе разговараат за оценки или за здравјето на Наташа. Погледнете ја нејзината бурна реакција:

Grandmother discovers "it's a match!"

This amazing teacher is donating a kidney to a student. http://usat.ly/1TqhP99

Posted by USA TODAY on вторник, 8 март 2016

Осумгодишната Наташа Фулер е родена со болест на бубрезите поради која постојано мора да оди на дијализа. Малото девојче во последните две години живее со својата баба, во различен град од родителите и сестра си, за да може трипати неделно да оди на дијализа.

Наташа со години чекала на листата за трансплантација на бубрег, но поради честите инфекции, таа била отстранета од листата. Неодамна, бубрезите на Наташа започнале да откажуваат и нејзините опции се свеле на минимум.

Инспиративната учителка Џоди Шмит одлучила да ѝ даде нова шанса на својата ученичка и да донира еден од своите органи за да ѝ помогне, откако си направила тестирања и открила дека нејзиниот бубрег е соодветен за Наташа.

Наташа и ЏодиНаташа и Џоди

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11469 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.