Почетна » Новости » Занимливости » Наташа Петровска е прв добитник на Ауди А3 од наградната игра на Т-Мобиле

Наташа Петровска е прв добитник на Ауди А3 од наградната игра на Т-Мобиле

Наташа Петровска од Демир Хисар е првиот добитник на автомобилот Ауди А3, награда којашто ја обезбеди Т-Мобиле во рамките на најголемата наградна игра досега воопшто. Добитничката Наташа Петровска, која има 33 години, заедно со сопругот долги години се корисници на услугите на Т-Мобиле и Македонски Телеком. Таа раскажува дека за учество во наградната игра на Т-Мобиле инсистирал нивниот 13 годишен син Кристијан. Тој ги замолил родителите да се вклучат во наградната игра, затоа што имал убаво претчувство.

„Кристијан дефинитивно беше нашата среќа. Сè уште не можеме да поверуваме дека сме добитници на автомобилот Ауди А3. Станува збор за огромна награда, за која сме му благодарни на Т-Мобиле. Целото потесно семејство, долги години сме корисници на услугите на Т-Мобиле и досега сме презадоволни“, вели Наташа, која што не можеше да го скрие задоволството од сознанието дека се први добитници на автомобилот Ауди А3.

Наградна игра

Наташа, која што работи во училишната кантина во основното училиште „Гоце Делчев“ во Демир Хисар, вели дека наградата е дојдена во вистинско време. Нејзиното семејство поседува автомобил марка Опел, во возна состојба, но половен. Таа вели дека и покрај тоа што добија автомобил, не се откажуваат од наградната игра. По предлог на нејзиниот син Кристијан ќе продолжат и понатаму да дополнуваат ваучери, за да соберат најмалку 3 клуча, со цел да учествуваат и во извлекувањето на главната награда Порше Кајман.

Инаку, по првото извлекување, адреналинот кај корисниците секојдневно расте како што се приближува доделувањето и на второто Ауди А3. Време за вклучување во наградната игра на векот, во организација на Т-Мобиле, има сè уште, бидејќи ќе трае до 30 мај.

Правилата на игра се едноставни и важат за сите нови и постојни припејд корисници. Доволно е корисниците да се регистрираат бесплатно на 1469 и да ја дополнат припејд сметката со ваучер од 300 денари, кој освен кредит за разговори, SMS и интернет, добиваат и клуч за учество во извлекувањето на едно од останатите две Ауди А3, кои ќе се извлекуваат на 3 мај и 17 мај во емисијата „Во недела попладне“ на Алфа ТВ. Доделувањето на главната награда Порше Кајман ќе се случи на 31 мај во истата емисија. За да се учествува во извлекувањето на главната награда, пак, треба да соберат 3 клуча (да се дополнат најмалку три ваучери од по 300 денари), со кои се добивaат три шанси за учество во извлекувањето.

За сите оние коишто сакаат да се вклучат во наградната игра, но не се припејд корисници на Т-Мобиле, постои дополнителна поволност. Во рамките на промотивната понуда „Припејд Дуо“, по цена од само 295 денари, корисниците добиваат пакет од 2 СИМ картички, при што секоја од нив е со вклучени разговори и SMS пораки во вредност од 10.000 денари, коишто може да се искористат кон сите T-Mobile и Т-Home корисници во период од 30 дена.

Повеќе информации за наградната игра може да се добијат на на www.t-mobile.mk, на 122 или во најблиската Телеком продавница.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11212 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.