Почетна » Новости » Занимливости » Наспијте се добро! Денес е Светскиот ден на спиењето

Наспијте се добро! Денес е Светскиот ден на спиењето

Легнете си порано вечерва и исклучете ги утринските аларми за да си овозможите квалитетен 8-часовен сон. Денес се слави Светскиот ден на спиењето, за да се потсетиме на придобивките од здравиот и добар сон. На овој датум, многу организации низ светот го вртат вниманието на јавноста кон проблемите со спиењето и нарушувањата на сонот, а годинава слоганот е „Доброто спиење е достижен сон“.

Жена

Настанот се одбележува секоја година и е организиран од Комитетот при Светската асоцијација за превенција на сонот.

Сонот е многу важен за функционирањето на организмот, па дајте му го на телото одморот кој го заслужува.

Еве 10 заповеди кои гарантирано ќе ви овозможат добар сон:

  • Фиксирано време на заспивање и разбудување;
  • Ограничување на дневните дремки на 30-45 минути;
  • Избегнување на премногу алкохол и пушење 4 часа пред спиење;
  • Избегнување на кофеин 6 часа пред спиење. Тоа вклучува кафе, чај, газирани сокови и чоколадо;
  • Избегнување на мрсна, зачинета и слатка храна 4 часа пред спиење;
  • Редовно вежбање, но не непосредно пред легнување;
  • Користење на квалитетен душек;
  • Добро проветрување на спалната и одржување на пријатна температура;
  • Елиминирање на светлината и сите звуци кои го одвлекуваат вниманието;
  • Резервирање на креветот само за спиење и секс.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11491 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.