Почетна » Новости » Занимливости » Наскоро кафеавите очи ќе можете да си ги претворите во сини

Наскоро кафеавите очи ќе можете да си ги претворите во сини

Сините очи се неостварена желба на илјадници луѓе низ светот. Но, наскоро желбата за сини очи нема да биде само недостижен сон, затоа што американски научници тврдат дека откриле брза ласерска процедура која ќе им даде можност на луѓето со кафеави очи да имаат сини очи.

Сини очи

Д-р Грег Хомер и негови колеги усовршуваат метод со кој кафеавите очи стануваат сини. „Користиме ласер кој е подесен на специфична фреквенција за да го отстранува пигментот од површината на ирисот“ – објаснил тој.

Ласерската процедура трае само 20 секунди, а бојата на очите се менува постепено во текот на наредните две до три седмици.

Хомер работи на оваа процедура веќе 10 години, а сега е во фаза на клинички испитувања. Ако сè се движи според планот, можноста за менување на бојата на очите може да биде достапна во САД за 18 месеци, а по три години и низ целиот свет. Хомер тврди дека ваквата промена на бојата на очите не го оштетува видот, но дека промената на бојата е перманентна.

Сините очи нема да доаѓаат бесплатно. Се смета дека ласерскиот третман за менување на бојата на очите наречен „Lumineyes“ ќе чини 5.000 долари.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10617 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.