Почетна » Новости » Занимливости » Музички „говор“ на еден брат: Со песна ги насмеа и насолзи младенците

Музички „говор“ на еден брат: Со песна ги насмеа и насолзи младенците

Даниел Бакери подготви несекојдневен свадбен подарок за својот брат. Талентираниот Австралиец го преточи својот говор во музичка преработка на познати песни и ги изведе за време на прославата.

На почетокот од видеозаписот објавен на YouTube, тој пее за миговите од нивното детство и раскажува дека неговиот брат Адријан не можел да престане да зборува за својата сегашна сопруга Сара од денот кога ја запознал.

Во вториот емотивен дел, тој ги искажува чувствата кон својот брат и им посакува на младенците долг и среќен заеднички живот.

Слушнете го несекојдневниот „говор“ кој прво ги насмеа, но подоцна насолзи сите во салата.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11167 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.