Почетна » Новости » Занимливости » Моќна фотосесија пред и по мастектомијата на актерка која го победи ракот

Моќна фотосесија пред и по мастектомијата на актерка која го победи ракот

Аниела МекГинис е 32-годишна актерка која го победи ракот и смело ги покажа лузните од двојната мастектомија. Таа направи моќна фотосесија, визуелно претставувајќи ги своите емоции во секоја фаза од борбата со ракот и операцијата за отстранување на дојките.

МекГинис открила дека го носи мутираниот ген BRCA1 во 2014 година. Генот BRCA1 значително го зголемува ризикот од развој на рак на гради, па таа одлучила да си направи превентивна мастектомија. За време на планирањето и подготовките за операцијата нејзе ѝ била соопштена веста дека веќе има рак на дојка. Тоа бил почеток на најтешката борба во нејзиниот живот.

Најпрво ѝ била направена мастектомија, а потоа започнал процесот на хемотерапија. Храбрата актерка одлучила да направи фотосесија од нејзините гради пред и по операцијата. Моќните фотографии покажуваат како таа се чувствувала во секоја фаза од процесот на лекувањето. „Пред да ги отстранам моите гради, сакав да имам фотографски доказ за тоа како изгледале. Сакав фотографија која доловува како се чувствував. Затоа, решив да направам фото-серијал кој ќе ги прикаже моите емоции во секоја фаза од процесот“ – пишува таа на својот блог My Breast Choice.

Првата фотографија била направена една недела пред операцијата. На неа, Аниела ја прави позата од препознатливиот постер „We Can Do It!“. Изборот на позата бил со цел да го покаже својот боречки дух, водејќи ја најголемата борба во својот живот.

Аниела МекГинис

Неколку недели по мастектомијата била направена втората фотографија, на која се прикажани раните на нејзините гради, но и лажни лузни направени со шминка.

Аниела МекГинис

На третата фотографија, МекГинис се претстави како кукла. Таа била снимена по завршувањето на хемотерапијата, кога Аниела немала коса и поради зголемувањето на нејзините гради со експандери таа се чувствувала како пластична кукла.

Аниела МекГинис

Последната фотографија била направена откако Аниела го победи ракот, четири месеци по хемотерапијата.

Аниела МекГинис

Погледнете го и видеото во кое таа зборува за создавањето на фото-серијалот:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27018 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.