Почетна » Новости » Занимливости » Можете ли да го решите овој математички проблем за 14-годишници?

Можете ли да го решите овој математички проблем за 14-годишници?

Логички предизвик наменет за 14-годишници го обиколи светот и збунува многу возрасни лица. Прашањето било создадено за математичка олимпијада, на која учествувале 28.000 14-годишници од Сингапур и Азија.

Алберт и Бернард штотуку станаа пријатели со Шерил, па сакаа да знаат кога ѝ е роденден. Шерил им даде листа од 10 можни одговори.

15 мај
16 мај
19 мај
17 јуни
18 јуни
14 јули
16 јули
14 август
15 август
17 август

Потоа, Шерил одделно им ги кажа на Алберт и Бернард месецот и денот на раѓање.

Алберт: Не знам кога ѝ е роденден на Шерил, но знам дека и Бернард не знае.

Бернард: На почетокот не знаев кога ѝ е роденден на Шерил, но сега знам.

Алберт: Тогаш и јас знам кога ѝ е роденден на Шерил.

Знаете ли кога ѝ е роденден на Шерил?

Официјалниот одговор

Кај десетте понудени датуми, деновите се во дијапазон од 14 до 19, само 18 и 19 се појавуваат по еднаш. Ако роденденот на Шерил беше на 18 или 19, тогаш Бернард веднаш ќе знаеше кога е родена Шерил, бидејќи таа нему му кажа на кој ден е родена.

Но, зошто Алберт знае дека Бернард не знае?

Ако Шерил му имаше речено на Алберт дека е родена во мај или јуни, тогаш датумите 19 мај и 18 јуни ќе беа возможен одговор. Така Бернард веднаш ќе знаеше кога ѝ е роденден на Шерил. Но, фактот што Алберт знае дека Бернард не го знае роденденот значи дека Шерил му кажала на Алберт дека нејзиниот роденден е или во јули или во август.

На почетокот, Бернард не знае кога ѝ е роденден на Шерил, но како доаѓа до одговорот откако Алберт прв ќе прозбори?

Од петте останати датуми во јули и август, деновите се во опсег од 15 до 17, а само 14 се повторува двапати.

Ако Шерил му имаше речено на Бернард дека е родена на 14-ти, тогаш Бернард немаше да знае. Фактот дека Бернард знае, укажува на тоа дека роденденот на Шерил не е на 14-ти. Сега ни остануваат уште три датуми: 16 јули, 15 август и 17 август.

Откако Бернард ќе прозбори, Алберт вели дека и тој знае кога ѝ е роденден на Шерил. Ако Шерил му имаше речено дека е родена во август, тогаш Алберт немаше да знае, затоа што останаа два возможни датуми од август.

Заклучок, роденденот на Шерил е на 16 јули.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11472 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.