Почетна » Новости » Занимливости » Младенци од Турција со парите од свадбата нахраниле 4.000 сириски бегалци

Младенци од Турција со парите од свадбата нахраниле 4.000 сириски бегалци

Невеста и младоженец со големи срца усреќиле околу 4.000 сириски бегалци, делејќи им топол оброк на денот на својата свадба. Добродушниот пар од Турција ги искористил парите наменети за свадбената прослава за да им обезбеди храна на оние на кои тоа им е најпотребно.

Фетула и Есра

Фетула и Есра стапиле во брак минатата недела во градот Килис, кој се наоѓа во близина на границата со Сирија и моментално е дом на околу 4.000 сириски бегалци. Не можејќи да остане рамнодушен на тажната слика од своите гладни соседи, таткото на младоженецот Али предложил Фетула и Есра да ги „поканат“ бегалците на нивната свадба.

„Помислив дека делењето на голема вкусна вечера на нашето семејство и пријателите е непотребно, знаејќи дека има толку многу луѓе во соседството кои имаат потреба од храна. Така дојдов до идејата која ја споделив со својот син. Пресреќен сум што тој ја прифати и го започнаа своето ново среќно патување со толку пожртвуван гест“ – рекол Али.

Фетула и Есра

Невестата и младоженецот освен што платиле за храната од својот свадбен буџет, тие исто така го поминале свадбениот ден делејќи им храна на гладните бегалци.

„Тоа беше неверојатно искуство. Толку сум среќна што имавме можност да го споделиме својот свадбен оброк со луѓето на кои тоа им е најпотребно“ – рекла среќната невеста.

„Да ја гледаш среќата во очите на сириските деца-бегалци е бесценето. Го започнавме своето патување кон среќата правејќи ги другите среќни, а чувството е прекрасно“ – рекол Фетула и додал дека неговите пријатели биле толку инспирирани од нивниот гест, што планираат да ги следат нивните стапки.

ВИДЕО

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11270 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.