Почетна » Новости » Занимливости » Мислела дека нејзиниот славен татко е презафатен за да дојде на нејзината матура, следувало изненадување

Мислела дека нејзиниот славен татко е презафатен за да дојде на нејзината матура, следувало изненадување

Пејачот Алехандро Санс ѝ приреди слатко изненадување на ќерка си Мануела, која мислела дека е презафатен за да се појави на нејзината матура.

Среќната девојка била трогната до солзи кога популарниот шпански музичар, кој е добитник на 22 Греми награди, се појави пред неа. Претходно, Алехандро ѝ напишал во пораки дека има многу обврски кои треба да ги направи и дека нема да може да биде покрај неа.

Но, она што таа не го знаела е дека тој веќе планирал да ја придружува на големиот ден. Непосредно пред да го здогледа, Санс ѝ испрати нова порака, во која стои:

„Сериозно поверува дека неколку илјадници километри би ме спречиле да бидам со тебе на толку специјален ден за тебе?“.

Алехандро сподели фотографии од моментот заедно со видео и со разменетите пораки.

„Колку е убава твојата невиност, ќерко моја. Да те изненадувам ми е омилениот спорт, а мојата награда е твојата среќа. Сега знаете дека ниту илјадници, ниту милиони километри не би ме спречиле да бидам со вас на ваков посебен ден. Среќна матура, животе мој. Те сакам“ – напиша тој.

Алехандро Санс Алехандро Санс Алехандро Санс Алехандро Санс Алехандро Санс Алехандро Санс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11398 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.