Почетна » Новости » Занимливости » Мирисот на сoништата - подарок од AVON за жените за 8 Март

Мирисот на сoништата - подарок од AVON за жените за 8 Март

Парфемот Dreams е нежна мешавина од водна слива, роза и интензивни дрвја, a со маскарата Big & Multiplied Volume трепките се оптички мултиплицирани и добиваат интензивен волумен.

Со цел да ги изненади припадничките на понежниот пол, козметичката компанија AVON го избра Меѓународниот ден на жената, 8 Март, како идеална пригода да претстави два нови прекрасни производи. Парфемот Dreams е нежна мешавина од водна слива, роза и интензивни дрвја, a со маскарата Big & Multiplied Volume трепките оптички се мултиплицираат и добиваат интензивен волумен. Новите производи веќе им се достапни на домашните вљубеници во квалитетната шминка и во свежите и заводливи мириси.

Avon Avon

При изработката на новиот парфем Dreams, главната мисла водилка на светски познатите и наградувани парфумисти на AVON била да се долови невиноста и убавината на детските соништа, но и чувството дека сè е возможно. Сето тоа е „спакувано“ во комбинацијата на водна слива, роза и интензивни дрвја, а пораката која стои зад овој нов производ е „Сè е возможно со Avon Dreams“.

На 8 Март, сакаме да им порачаме на сите жени никогаш да не престанат да сонуваат. Да се сетат на чувството на бескраен сон во младоста, на невиноста и оптимизмот. Сега е време да се обноват тие длабоки чувства, да се сетат на заборавените соништа и да ги остварат – истакнуваат од AVON.

Avon Avon

И познатата холивудска дива Одри Хепберн вели дека убавината на една жена е во нејзините очи, а козметичката компанија создаде производ кој ќе им помогне на жените да имаат заводлив поглед. Маскарата Big & Multiplied Volume е дизајнирана со цел да не се создаваат згрутчувања, без размачкување.

„Најлесниот начин да добиете драматично впечатливи трепки е да нанесете од маскарата Big & Multiplied и да добиете инстантен волумен. Водоотпорната формула ги дефинира и одвојува трепките, без грутки и размачкување - за најгламурозен изглед на трепките досега“ – вели глобалната AVON мејкап артистка Лорен Андерсен.

Маскарата е направена со помош на нова револуционерна Smart SLIP технологија, која ја одвојува и ја зголемува секоја трепка. Воедно, соодветна е и за луѓе со особено чувствителни очи – посочуваат креаторите на Big & Multiplied Volume.

Неодамна, AVON својата носечка идеологија ја наслови „Убавина со цел“, мото кое комплетно ја раскажува приказната за компанијата која покрај тоа што создава производи за убавина, се грижи и за благосостојбата на жените и поттикнувањето на нивната лична независност и самостојност. По тој повод, на социјалните мрежи беше организиран и креативен предизвик, на кој жени од Македонија преку специјално дизајнирана апликација и под знакот #УбавинаСоЦел креираа персонализирани постери со свои лични пораки за повисоките цели на убавината. Пристигнаа голем број пораки, а жирито составено од Зоналните менаџери на Avon Македонија ја одбраа најдобрата – „Убавината е во малите нешта. Таа е постоење и чувство на безусловна среќа!“. Авторка е студентката на Економски факултет, Росана Митевска која е и AVON Претставничка.

Компанијата посочува дека и во иднина ќе продолжи со активности со фокус на жените како нивна најголема инспирација. Неизоставен ден од работата се и континуираните заложби и кампањи на компанијата, поврзани со борбата против ракот на дојка и против семејното насилство.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11501 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.