Почетна » Новости » Занимливости » Милијардер за почит: Кинез почестил 6.400 свои вработени со одмор во Франција

Милијардер за почит: Кинез почестил 6.400 свои вработени со одмор во Франција

Некои шефови навистина заслужуваат почит.

Сопственик на огромна кинеска компанија поведе со себе 6.400 од своите вработени на 4-дневен одмор во Франција, резервирајќи 140 хотели во главниот град Париз и повеќе од 4.700 хотелски соби на Азурниот брег. Кинеските туристи слетале во Франција со 84 авиони, а за нивен превоз биле ангажирани 146 автобуси.

Tiens Group Tiens Group

Вработените во Tiens Group, компанијата предводена од Ли Ѓинјуен, се најбројната туристичка група која кога било ја има посетено Франција. Патувањето вклучува приватно разгледување на музејот Лувр и посета на кабарето Мулен Руж. Луксузната стоковна куќа Galeries Lafayette ги затворила вратите за други купувачи, со цел кинеските туристи да можат релаксирано да ги разгледаат штандовите.

Tiens Group Tiens Group Tiens Group

„Tiens Group“ брои околу 12.000 вработени, а повеќе од половина од нив добија можност да бидат дел од патувањето организирано по повод 20-годишнината на компанијата.

Tiens Group Tiens Group

За време на екскурзијата, кинеските туристи влегоа во Гинисовата книга на рекорди откако на плажа во Ница ја испишаа најдолгата фраза направена од луѓе – „Tiens’ dream is Nice in the Cote d’Azur“.

Tiens Group

Проценето е дека за 4 дена, групата ќе потроши околу 13 милиони евра.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10598 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.