Почетна » Новости » Занимливости » Медицински сестри танцуваа на Backstreet Boys за пациентка која им го пропушти концертот поради лекување од рак

Медицински сестри танцуваа на Backstreet Boys за пациентка која им го пропушти концертот поради лекување од рак

Некои луѓе се прекрасни! Медицински сестри танцуваа и пееја на песна од Backstreet Boys пред нивна пациентка откако таа го пропушти нивниот концерт поради лекување од рак. Видеото стана хит и допре до момците од бендот кои ѝ посакаа брзо оздравување.

Видеа

Аманда Коли е голема обожавателка на популарниот машки бенд и била пресреќна кога минатиот Божиќ добила билет за нивен концерт. За жал, три недели пред големиот настан кој се одржал на 21 август, Аманда добила дијагноза леукемија.

„Пред три недели, дознавме дека има леукемија. Првото нешто што таа го рече беше: ‘Значи нема да можам да одам на концертот на Backstreet Boys?’ Плачеше. Двете им сме големи фанови. Ми рече дека јас треба да одам, но јас ѝ возвратив: ‘Не одам ако не одиш ти!’“ – изјавила сестра ѝ на Аманда, Меги.

Благодарение на медицинските сестри, 36-годишната мајка на четири деца била пресреќна и покрај тоа што го пропуштила концертот на омилената група.

Аманда Коли

„Плачев! Беше многу емотивно. Не го очекувавме тоа! Бевме одушевени. Аманда танцуваше со нив. Беше во рајот. Рече дека тоа беше кул и емотивно и пролеа неколку солзи“ – додала Меги.

Аманда Коли Аманда Коли

Видеото стана вирален хит на интернет и им го привлече вниманието на момците од Backstreet Boys.

Непосредно по концертот, Ник Картер напиша на Twitter: „Ни недостигаше синоќа Аманда! Изгледа дека имаш одличен тим кој ти помага да оздравиш. Мислиме на тебе и ти испраќаме љубов. А на сестрите од Центарот за рак ‘Нортсајд’ им се заблагодаруваме за сè што прават“.

Брајан сними видео во кое ѝ посака брзо оздравување на Аманда:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10616 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.