Покрај тоа што нанесе огромна штета и згасна десетици животи, ураганот Ирма раздвои многу семејства, заробувајќи ги на различни страни од градовите.
Мало девојче болно од леукемија за својот 3-ти роденден остана во болница само со мајка си, разделено од останатото семејство, кое не можело да го напушти домот за да биде таму на овој специјален ден.
Но, медицинскиот тим во болница во Флорида не дозволи слатката Вилоу да остане без роденденската прослава која ја заслужува. Вработените во болницата ѝ купија подароци, ѝ однесоа торта и пееја и се забавуваа заедно со насмеаната Вилоу и нејзината мајка, која ронеше солзи-радосници.
ВИДЕО:
Имено, два дена пред големата бура, на Вилоу ѝ била дијагностицирана леукемија и веднаш била хоспитализирана. Нејзината мајка останала со неа во болница, додека докторите ја подготвувале за хемотерапија.
Таткото и поголемата сестра на Вилоу останале одма, бидејќи бил огромен ризикот доколку тргнеле кон болница во страшното невреме.





Насмевката на лицето на Вилоу е доказ дека медицинскиот персонал навистина ѝ го разубавил денот и барем накратко ја оттргнал од грижите за болеста.