Почетна » Новости » Занимливости » Мајки на деца болни од рак си ги избричија главите за да ја подигнат свеста за ракот кај најмалите

Мајки на деца болни од рак си ги избричија главите за да ја подигнат свеста за ракот кај најмалите

Ниту една мајка не сака да го гледа своето дете како страда, а уште помалку да го изгуби засекогаш. Мајки на деца болни од рак, како и мајки кои изгубиле свое чедо од оваа страшна болест, ги избричија своите глави за да ја подигнат свеста за ракот кај децата.

На настан кој се одржа во Лас Вегас, 24 мајки собраа храброст накратко да ја потиснат тагата и да се вклучат во инспиративен настан за да помогнат во финансирањето на истражувања за ракот кај најмалите.

Мајки Мајки Мајки

Во акцијата, на храбрите мајки им се придружија и неколку татковци и мали деца кои извојувале победа над ракот.

„Нашата цел е да им дадеме на мајките момент на јакнење и ослободување од стресот и немирот кој е во нивното семејство“ – вели организаторката на настанот, Кортни Мур. Мур има ќерка на која на 10-годишна возраст ѝ бил дијагностициран рак и веќе 4 години прима терапија.

Мајки Мајки Мајки Мајки

Организацијата со која соработуваат, „The St. Baldrick's Foundation“, во изминатите неколку години има донирано 2 милиони долари за истражување на ракот кај децата. Овој износ е собран само преку настанот „46 Mommas“. Името на овој настан потекнува од фактот што секој работен ден 46 мајки од Северна Америка дознаваат дека нивното дете има рак.

Во текот на целото свое постоење, организацијата има донирано над 200 милиони долари за истражувања.

Мајки Мајки Мајки Мајки Мајки Мајки Мајки Мајки Мајки Мајки Мајки Мајки Мајки Мајки Мајки Мајки Мајки

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11085 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.