Почетна » Новости » Занимливости » Мајка сруши Гинисов рекорд трчајќи маратон додека ги туркаше во количка трите деца

Мајка сруши Гинисов рекорд трчајќи маратон додека ги туркаше во количка трите деца

Мајка истрча маратон туркајќи ги своите три деца во количка и сруши Гинисов рекорд.

Синтија Арнолд ја истрча патеката за 3 часа и 11 минути заедно со својата 6-годишна ќерка Маргарет, 3-годишниот син Сајмон и 21-месечната Аша. Тежината која ја туркаше 35-годишната мајка беше 84 килограми. Претходниот рекорд за Најбрз маратонец кој турка количка за 3 лица беше 4 часа и 6 минути.

Синтија Арнолд Синтија Арнолд

Арнолд вели дека најголемиот предизвик бил да се занимаваат децата за тие да издржат во количката со часови и дека најголемата ќерка била задолжена за игрите по патот. На едно од видеата на Синтија се гледа како човек ѝ подава сладолед за трите деца, а Маргарет ѝ помага на малата сестричка да го изеде.

Синтија Арнолд

Минатата година, Синтија го сруши рекордот за најбрз полумаратонец кој турка количка за 3 лица, но оваа година одлучи да ја дуплира патеката и да истрча цел маратон. Таа вели дека тоа воопшто не било лесно, бидејќи оваа година децата биле многу потешки од лани.

„Децата се една година потешки, а јас го чувствував тоа. Количката беше многу тешка“ – објаснила упорната мајка.

Синтија Арнолд Синтија Арнолд Синтија Арнолд Синтија Арнолд

Маратонот бил многу специјален за Синтија, бидејќи набрзо нејзината ќерка ќе наполни 7 години и повеќе нема да се вози во количка.

„Ова е многу специјално, бидејќи таа го помина животот во количката. Тоа е едно од нештата кои со текот на времето мора да престанеш да ги правиш. Се разбира дека сакам таа да порасне, па тоа е слатко-горчливо“ – вели таа.

Видео

Синтија има аплицирано за впишување на новиот рекорд во Гинис и во моментов чека потврда.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11135 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.