Почетна » Новости » Занимливости » Мајка со фотографии од стомакот по породувањето се бори против нереалните очекувања

Мајка со фотографии од стомакот по породувањето се бори против нереалните очекувања

Во денешно време сè поголем е притисокот врз мајките што побрзо да се вратат во форма по породувањето, но не секоја жена може да одговори на тие преголеми очекувања.

Џули Босали е блогерка и нутриционистка која сака да покаже дека телото на најголем дел од мајките претрпува големи промени во бременоста и многу жени не успеваат веднаш да си ја вратат нормалната тежина.

Џули, која на почетокот на годината го роди својот втор син, се мачела да зачне и имала проблематична бременост. Таа им се обрати на новите мајки со интересна објава која вклучува фотографии од нејзиниот стомак по породувањето и силна порака.

Џули Босали

„Ти живееш во општество кое секој ден ти става пред нос слики од жени кои родиле и веднаш се вратиле во форма. Убаво за нив (навистина, тоа е одлично, Кејт Мидлтон ти си неверојатна). Но, тоа се само мал број жени. Кај повеќето од нас, телото се менува, се менува многу. Страшно е, тешко е“ – пишува Џули и додава дека во последно време има промени и сè повеќе жени зборуваат за реалноста по породувањето.

Џули доби бројни комплименти за својата објава и поттикна повеќе мајки без срам да ги покажат своите тела со сите несовршености.

24 часа по породувањето

Џули Босали

2 дена по породувањето

Џули Босали

1 недела по породувањето

Џули Босали

2 недели по породувањето

Џули Босали

10 недели по породувањето

Џули Босали

14 недели по породувањето

Џули Босали

„Можеби не изгледаш како модел на Victoria’s Secret, но фокусирај се на тоа како се чувствуваш. Биди добра кон себе и кон своето тело и ќе изгледаш како што треба да изгледаш кога ќе се чувствуваш добро. Можеби ќе ти биде потребно подолго време... Негувај се и сакај се однатре и не заборавај: Ти си убава, ти си неверојатна, ти си мајка“ – пишува Џули.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11487 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.