Почетна » Новости » Занимливости » Мајка секоја година ја пресоздава хумористичната фотографија за првиот училиштен ден на децата

Мајка секоја година ја пресоздава хумористичната фотографија за првиот училиштен ден на децата

Се ближи септември, а со тоа и почетокот на новата учебна година. Мајката, која минатата година стана хит со фотографијата на која скока од радост што нејзините деца се враќаат во училишните клупи, ја пресоздаде виралната фотографија, но овој пат придружувана од сопругот.

Кешија и Ендру Гарднер привремено згрижуваат деца кои се оставени за посвојување, додека да најдат свој траен дом, па поради тоа, на дел од фотографиите стојат различни деца.

Хумористична фотографија

Еве ја нашата фотографија за враќање во училиште за 2017! Ние згрижуваме деца повеќе од 10 години, и за тоа време, имаме згрижено над 40 деца. Да бидеме привремени родители беше најнаградувачкото искуство во нашите животи. Го започнавме ова патување, бидејќи сакавме да бидеме благослов за другите, но на крајот, ние сме тие кои го примаат најголемиот благослов. Понекогаш, тие доаѓаат во нашите животи за една сезона, а понекогаш засекогаш. Сè уште одржуваме контакти со најголем дел од децата кои ги имаме згрижено и ни ги стоплува срцата секојпат кога ќе добиеме повик од нив или посета во специјални прилики. Има добри времиња и лоши, но среќните моменти секогаш ги надминуваат тажните.

Дури и кога ни се кршат срцата, сè уште знаеме длабоко во нас дека „вреди“. Првото прашање кое ни го поставуваат е „Како можете да ги сакате, а потоа да ги пуштите да си одат?“. Моето прашање е „Како не би можеле?“. Секое дете заслужува љубов, грижа и насоки низ животот.

Или првата изјава која ја добиваме е „Не би можела да го направам тоа, бидејќи ќе ми го скрши срцето“.

Нашиот одговор е: Болката во срцето која ја доживуваме со тоа што сакаме дете е вредна за болката што можеме да му помогнеме на дете кога е најранливо. Згрижувањето на деца е тешко, но вреди!

Ние не правиме разлика помеѓу ниедно од нашите деца. Ние сме семејство од биолошки, згрижени и посвоени деца. Ние се гордееме кога луѓето не можат да сфатат кое дете „не е“ наше. Зошто? Бидејќи сите се наши!

Хумористична фотографија Хумористична фотографија Хумористична фотографија

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11455 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.