Мајка насмеа илјадници лица со хумористичните фотографии од првиот училиштен ден на нејзините пет деца.
На двете фотографии објавени на Facebook, Американката Кешија Гарднер скока од радост пред четворицата синови и едната ќерка, кои се подготвени да тргнат на училиште по летниот распуст.
„Среќен прв училиштен ден деца. Сите многу ќе ми недостигате“ – пишува во описот.


Целта на Кешија при создавањето на објавата била да насмее и други родители кои имаат деца од школска возраст, а веќе е вирален хит на Facebook. За само една недела, објавата е споделувана повеќе од 260 илјади пати, а во илјадниците коментари Кешија добива бројни комплименти за одличната смисла за хумор.