Почетна » Новости » Занимливости » Мајка напиша емотивно писмо до докторот кој рекол „Жалам“ пред да ѝ соопшти дека ќерка ѝ има Даунов синдром

Мајка напиша емотивно писмо до докторот кој рекол „Жалам“ пред да ѝ соопшти дека ќерка ѝ има Даунов синдром

Мајка напиша писмо до докторот кој ѝ ја соопштил веста дека една од нејзините близначки има Даунов синдром со зборовите „Жал ми е“.

Никола Бејли има три деца, син и две ќерки-близначки, од кои едната има Даунов синдром. 32-годишната Британка вели дека медицинските лица треба да започнат да велат „Честитки“, а не „Жал ми е“ пред да им ја соопштат дијагнозата на родителите. Таа тврди дека децата со Даунов синдром носат огромна радост и среќа и дека докторите нема за што да жалат.

Никола има цел да ги сруши стереотипите и да покаже дека децата со ова нарушување можат да постигнат сè што ќе посакаат, само треба да им се даде шанса.

Харпер

Пред точно една година, добив потврдување дека ти, миличка моја, имаш Даунов синдром! Но, тоа навистина не е важно за нас, бидејќи си совршена на секаков можен начин. Кога ќе се вратам наназад, единственото нешто за кое жалам е што не го кренав мојот глас за тебе кога докторот дојде и ми рече „Жалам“ кога всушност нема за што да се жали!!! Па, сакам да зборувам сега...

Драг докторе,

Би сакала да ви го претставам моето прекрасно девојче Харпер. Таа е онаа за која жалевте, онаа кога ја нарекувавте „проблематично дете“, онаа за која ми дадовте флаер за посвојување, онаа за која ми беше кажано дека нема да се развива како нормалните деца.

Дозволете ми да ви кажам нешто за мојата прекрасна Харпер. Таа може, таа ќе постигне и таа постигна. Не жалам ниту за една секунда помината со Харпер во мојот живот, бидејќи сè што таа ни донесе е многу повеќе радост и среќа одошто таа некогаш ќе знае. Во изминатата година, обожававме да ја гледаме како станува посилна. Таа започна самостојно да ја држи главата исправена на 5 недели, започна да се превртува на 8 недели, се насмеа на 4 месеци, научи да се храни самата на 6 месеци, започна да лази на 8 месеци, седеше самостојно на 11 месеци и плескаше со рацете на 12 месеци.

Па, следниот пат кога ќе треба да ја „соопштите лошата вест“, ЗАСТАНЕТЕ една секунда и потсетете се на Харпер. Таа не е само Даунов синдром, таа е нечие бебе, таа е мало девојче и е совршено нормална.

Да, кажете им на родителите дека нивното дете има Даунов синдром, но не жалете. Покажете им што е навистина Дауновиот синдром, колку среќа ќе им донесе нивното дете во нивните животи, кажете им што ќе постигне нивното дете со поддршка, љубов и радост, бидејќи овие наши деца се многу посилни отколку што си мислите.

Не ги отпишувајте пред да им биде дадена шанса да блеснат! И ве молам, запомнете да кажете „Честитки“, бидејќи тие ја заслужуваат истата почит што ја добиваат сите други деца.

Утре, на 21 март, светот ќе го одбележи Светскиот ден на лицата со Даунов синдром.

Харпер Харпер Харпер Харпер Харпер Харпер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10508 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.