Почетна » Новости » Занимливости » Мајка на 4 деца сподели „нефотошопирано“ селфи зашто сите ѝ велеле дека има совршено тело

Мајка на 4 деца сподели „нефотошопирано“ селфи зашто сите ѝ велеле дека има совршено тело

Мајка на 4 деца сподели фотографија од својот стомак за да им ја покаже вистината за своето тело на сите кои ѝ велеле дека изгледа совршено. Постот, објавен на Facebook, има силна порака за мајките.

Сите секогаш ми даваат комплименти за тоа дека имам „совршено“ тело по 4 деца. Решив да ја споделам оваа фотографија и да го оставам мојот стомак „некоригиран“, „нефотошопиран“, бидејќи порано и мене ми беше тешко да го прифатам моето тело по породување.

Пред да ги родам моите бебиња, имав изразени стомачни мускули. А сега, иако вежбам, знам дека никогаш нема да ја затегнам мојата опуштена кожа или да направам моите стрии да исчезнат. И не ми пречи, бидејќи секој ден се будам покрај 4 прекрасни насмеани лица кои ме потсетуваат дека вреди овој виснат стомак и овие стрии. Сè уште носам бикини, бидејќи тоа што сум мајка прави да се чувствувам убава, а не имањето рамен стомак.

Ми требаше долго време за да стигнам дотука, бидејќи ми беше тешко да го прифатам моето тело. Ми беше тешко, бидејќи бев млада и гледав дека другите девојки на моја возраст имаа совршени тела, а јас носев едноделен костим за капење за да ги сокријам моите недостатоци.

Не се обидувам да кажам дека моето тело е полошо отколку на некој друг или грдо, само сакам да ве потсетам... Дека вашето тело е убаво... БИДЕЈЌИ ние СМЕ мајки и ние СМЕ суперхерои и според мене, тоа е многу посекси одошто да имаш „плочки“ на стомакот.

Кимберли Хендерсон

Кимберли Хендерсон

Фотографијата на Хендерсон брзо се прошири на социјалните мрежи, а многу мажи и жени се охрабрија да споделат фотографии од своите тела.

Кимберли вели дека била трогната од многуте позитивни коментари и дека пред сè го покажала својот стомак зашто луѓето погрешно мислат дека слабите луѓе немаат несовршености и несигурности. „Сакав да им покажам на другите жени дека јас сум иста како нив, со стрии и висната кожа. За мене да бидеш секси значи да се чувствуваш самоуверено во сопствената кожа. Телото на мајката е убаво и сите ние имаме несигурности“ – рекла таа во интервју за The Huffington Post.

Кимберли Хендерсон

„Ако го скријам мојот стомак значи дека се срамам од него, а јас немам за што да се срамам“ – додала таа.

Кимберли Хендерсон

Неодамна Кимберли сподели видео во кое ѝ пее на ќеркичката Ваида за да ја заспие кое стана хит на YouTube.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11423 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.