Почетна » Новости » Занимливости » Мајка на 4 деца сама го извлекува своето бебе од утробата додека се пораѓа со царски рез

Мајка на 4 деца сама го извлекува своето бебе од утробата додека се пораѓа со царски рез

Мајка сподели фотографии од моментот кога сама го извлече бебето од својата утроба за време на породување со царски рез. Нејзина цел е да ги информира трудниците и идните мајки за асистирано породување од страна на мајката, бидејќи како што вели таа ретки се луѓето кои слушнале за овој тип на раѓање бебе.

Фотографиите беа споделени на Facebook страницата „Birth Without Fear“ заедно со текст напишан од мајката Сара Тојер.

Породување

Ова е моментот кога му посакав добредојде на овој свет на нашето четврто дете. Да, го родив мојот син на мојот четврти царски рез. Кога дознав дека сум бремена, одлучив да имам царски рез со асистенција од мајката! Разговарав со секоја акушерка, со секој доктор и со секој хирург за она што сакав да го направам, но сите ми рекоа дека тоа зависи од хирургот кој ќе биде на работа тој ден.

Кога дојде денот, чекавме 8 часа на болница, а потоа стоев веднаш до хирургот и ги миев моите раце исто како и таа. Половина час подоцна, лежев на операционата маса, гледајќи како главата на мојот син е влечена од мојата утроба. Посегнав надолу и ги ставив моите раце под неговите и го извлеков остатокот од него од моето тело. Тоа беше најневеројатното нешто што некогаш сум го направила.

Ви препорачувам да се борите за породувањето кое го сакате!

Добредојде на Земјата малечок Спенсер.

Сара Тојер од Квинсленд, Австралија, одлучила да се породи со царски рез асистиран од мајката поради тоа што сите четири деца биле родени со оперативен зафат, а овој тип бил најблизок до природното раѓање.

„Тоа беше многу важно за мене, бидејќи никогаш нема да можам да истуркам мое бебе и да почувствувам нормално породување и раѓање и помислив дека ова би било најблиска варијанта до природното породување, коешто знаев дека никогаш нема да го имам“ – вели 24-годишната мајка.

Сара ТојерСара Тојер во бременоста

„Беше волшебно. Атмосферата во хируршкиот оддел беше исполнета со исчекување и целиот тим беше возбуден што е дел од првиот царски рез со мајчина асистенција во болницата, нешто за кое многу медицински лица немаат ни слушнато.“

„Никогаш не ни помислував дека ќе ми биде дозволено да го направам тоа, бидејќи не е многу познато. Беше неверојатно да бидам првата (по хирургот) што ќе го допре и држи моето бебе. Конечно да можеш да го видиш бебето што го растеш толку долго време, дефинитивно вреди. Посакувам да можев постојано да го доживувам тој момент. Тешко ми е да опишам со зборови колку неверојатно се чувствував.“

Сара ТојерЧетирите деца на Сара

„Одлучив да ја споделам мојата приказна, затоа што многу мајки не знаат дека постои царски рез со асистенција од мајката. И ми се допаѓа што помислувам дека и некој друг би можел да искуси породување како моето, бидејќи добил можност да чуе за тоа“ – објаснува Сара.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.