Почетна » Новости » Занимливости » Мајка доби осудувачко писмо од пријателки заради честите статуси за ќерката на Facebook

Мајка доби осудувачко писмо од пријателки заради честите статуси за ќерката на Facebook

По раѓањето на детето, светот на родителите започнува да ротира околу нивното најмило, па многу од нив постојано споделуваат детски фотографии и случки на социјалните мрежи. Една мајка ги разлути своите пријателки со честите статуси за ќерка си на Facebook.

Џејд Рутвен била непријатно изненадена кога добила писмо од анонимни пријатели во кое се вели дека им било смачено да ги читаат нејзините коментари и во кое бараат од неа да престане да известува за својата 6-месечна ќерка Едисон. „Прво бев шокирана. Помислив, ова мора да е шега. Го прочитав и препрочитав уште четирипати. Се тресев од лутина поради помислата дека моите таканаречени пријатели можат да бидат толку безмилосни и толку слаби што не го ни потпишаа писмото“ – рекла Џејд за iVillage.

Џејд Рутвен со ќерка си

33-годишната Австралијка решила да им се одмазди на „пријателите“, па започнала да го шири писмото на интернет. Набрзо, била преплавена до охрабрувачки зборови и позитивни коментари. „Поддршката која ја добив од семејството, пријателите и дури и од лица кои не ги познавам ме изненади“ – додала таа.

Прочитајте го писмото кое го добила Џејд:

Џејд,

заедно со уште неколку од девојките сакаме да ти кажеме дека ни е СМАЧЕНО од твоето непрекинато коментирање за твојот живот и за сè што прави Еди. Види, сите ние имаме деца во кои сме слепо вљубени. Погоди што, секој родител смета дека неговото дете е најдобро. Но, ние не ги гњавиме сите околу себе со тоа!!! Носи нова облека? Па, фотографирај ја и испрати му ја ЛИЧНО на оној кој ѝ ја подарил облеката, не на сите!!! Лази по тепихот? Не нè интересира!!! Има 6 месеца, ГОЛЕМА РАБОТА!!! Застани и размисли, ако секоја мајка ги објавуваше сите тие глупости за своето дете, сигурна сум дека и тебе брзо ќе ти дојдеше преку глава.

Со нетрпение чекаме да се вратиш на работа. Можеби тогаш нема да имаш толку многу време за Facebook.

Еди е прекрасна и сите ние ја сакаме, но и нашите деца се прекрасни.

Претпоставувам дека разлутуваш многу луѓе со твоето фалење „Еди направи вака, Еди направи така“. Сметавме дека ќе намалиш со објавите по првиот месец, но тоа не се случи.

Не се сите заинтересирани како тебе за тоа што прави Еди, па остави нè малку на мира.

Го правиме ова за да ти укажеме што навистина мислат луѓето.

Писмото кое го доби Џејд Рутвен

Џејд сè уште не знае кој стои зад писмото, но вели дека сега на него се смее како на лоша шега. Таа е среќна што писмото не успеало да ја посрамоти и изолира, напротив, тоа придонело да се чувствува уште посакана.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11513 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.