Почетна » Новости » Занимливости » Мајка гордо го покажува збрчканиот стомак откако научи да го сака своето тело по раѓањето на близнаци

Мајка гордо го покажува збрчканиот стомак откако научи да го сака своето тело по раѓањето на близнаци

Мајка на три деца гордо го покажува збрчканиот стомак на Instagram и инспирира илјадници жени да се сакаат себеси онакви какви што се.

Кајли Остин Кајли Остин

Кајли Остин се соочувала со многу ментални и физички проблеми откако ги родила своите близнаци. Таа веќе имала 2-годишен син и животот ѝ станал многу понапорен отколку што очекувала. По породувањето, таа дознала дека има дијастаза (разделување) на стомачните мускули и хернија, поради што изгледала како да е бремена дури и месеци по породувањето. Дополнително, таа се соочувала со анксиозност и постпородилна депресија.

Кајли ОстинКајли Остин по породувањето со близнаците Кајли ОстинКајли Остин во бременоста Кајли Остин Кајли Остин

За да се справи со ситуацијата, Кајли започнала да вежба и да ја споделува својата реалност на Instagram. Преку искрени текстови и фотографии кои го опишуваат нејзиниот реален живот, оваа мајка од Аризона се обидува да им помогне на други мајки да си ја зголемат самодовербата.

„Споделувањето на ова мое ново тело, ми ја зголеми самодовербата и ми помогна да ја прифатам вистината. Открив дека вистинската убавина се крие во љубовта која мајката ја има кон своето дете, во љубовта која ја има кон себе и во љубовта која ја споделува со другите. Обожавам да ја споделам оваа нова почит која ја имам за телото во коешто живеам и верувам дека СЕКОЈА жена треба да го сака своето тело. Обожавам да ги охрабрувам жените од сите форми и големини да го прифатат своето тело и да зрачат со самодоверба преку своите страници на социјалните мрежи. Дали сум задоволна постојано со изгледот на моето тело на фотографиите? Не, но и покрај тоа ги споделувам и споделувам како се чувствувам поради тоа што изгледам различно од стандардите на општеството“ – вели таа.

Кајли Остин Кајли Остин

Благодарение на упорноста, Кајли успеа да си го зацврсти своето тело и стана сертифициран фитнес тренер. Таа сега им помага на своите обожаватели да се мотивираат и инспирираат да вежбаат и да уживаат во мајчинството.

„Многу сум благодарна за ова тело. Дали некогаш ќе бидам на насловната страница на некое списание? Веројатно не! Дали можеме да ја имаме самодовербата која е потребна за насловна страница во списание и покрај тоа што имаме стомаче? ДА!!! Без разлика каква е нашата форма, големина, боја, фигура... треба да се чувствуваме удобно во нашата кожа, да се сакаме онакви какви што сме сега, а не онакви какви што посакувавме да бевме.“

„Биди ѕвездата на насловната страница на списанието наречено твој ЖИВОТ! Исправи се и биди горда! Сакај го твоето стомаче и знај дека си закон!“

„Најмногу се надевам дека преку мојот Instagram профил ќе можеме да се поврземе и дека ќе ви дадам малку надеж, мотивација или инспирација за да го започнете вашето фитнес патување, да се сакате себеси или едноставно да уживате во мајчинството.“

Кајли Остин Кајли Остин Кајли Остин Кајли Остин Кајли Остин Кајли Остин Кајли Остин

„Сакам да им помогнам на мајките да почувствуваат дека не се сами, дека вршат неверојатна работа и сакам да знаат дека се убави токму онакви какви што се“ – вели Остин.

Кајли вели дека не добива секогаш само позитивни коментари, туку дека честопати наидува на критики и осудување. Но, љубовта и поддршката која ја добива од илјадници жени е многу поголема од омразата.

„Некои луѓе коментираат за мојот огромен труднички стомак со близнаците и велат: ‘Тоа е најодвратното нешто што го имам видено!’, други постојано ги осудуваат моите родителски вештини и ми велат дека треба да бидам благодарна за моите бебиња наместо да плачам поради тоа. Се разбира, илјадниците жени кои ми се заблагодаруваат што сум толку храбра и затоа што правам да се чувствуваат како да не се сами, ги негираат хејтерите. Ако можам да ѝ помогнам само на една личност да се чувствува подобро, значи вредело“ – вели таа.

Кајли Остин Кајли Остин Кајли Остин Кајли Остин Кајли Остин Кајли Остин

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11130 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.