Почетна » Новости » Занимливости » Мајка ги фотографира двете ќеркички родени на различни страни на светот, зближени со посвојување

Мајка ги фотографира двете ќеркички родени на различни страни на светот, зближени со посвојување

Љубовта е невидлива сила која може да нè обедини независно од возраста, богатството, вероисповедта или бојата на кожата, а фотографката Ана Ларсон е решена да го покаже тоа преку фотографии од своите ќеркички.

За фото-серијалот „Barely Different“, Ана редовно ги фотографира своите две ќерки. Хевен ѝ е биолошка ќерка, додека Семенеш влегла во семејството пред пет години преку посвојување.

Фотографии на Ана Ларсон

Неодоливите фотографии имаат за цел да ги покажат сличностите меѓу луѓето, наместо да ги потенцираат нивните разлики.

„Забележав безброј сличности меѓу моите девојчиња во текот на годините додека ги фотографирав и ги споив во серијал. Го нареков Barely Different, бидејќи сакам другите да видат дека бојата на кожата не влијае на нашите меѓучовечки врски. Кога растеме еден покрај друг, нашите сличности цутат.

Две души родени на различни страни на светот беа зближени преку посвојување, а нивната врска е одлична поради единството. Тоа ми ги отвори очите за потенцијалот кој го имаме за да се сакаме и прифаќаме едни со други како браќа и сестри, исто како што го прават тие.“

изјавила Ана за My Modern Metropolis

Фотографии на Ана Ларсон Фотографии на Ана Ларсон

Ана има три деца од кои две биолошки. Пред пет години таа ја посвоила Семенеш од Етиопија, откако се соочила со суровата реалност во која живеат многу деца низ светот. Имено, по завршувањето на средното училиште, Ана волонтирала во установа за нега на новороденчиња во Хаити и се вљубила во едно од бебињата за кое се грижела. Откако се вратила дома во Вашингтон, дознала дека бебето починало како последица на ХИВ. Болката од загубата ја родила желбата за посвојување.

„Иако две од децата ми се биолошки, благодарна сум за она што нашето семејство го научи од посвојувањето. Тоа е прекрасно искуство“ – рекла Ларсон.

Фотографии на Ана Ларсон Фотографии на Ана Ларсон Фотографии на Ана Ларсон Фотографии на Ана Ларсон Фотографии на Ана Ларсон Фотографии на Ана Ларсон Фотографии на Ана Ларсон Фотографии на Ана Ларсон Фотографии на Ана Ларсон Фотографии на Ана Ларсон Фотографии на Ана Ларсон Фотографии на Ана Ларсон Фотографии на Ана Ларсон Фотографии на Ана Ларсон Фотографии на Ана Ларсон Фотографии на Ана Ларсон Фотографии на Ана Ларсон Фотографии на Ана Ларсон Фотографии на Ана Ларсон Фотографии на Ана Ларсон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11344 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.